Фуражни култури
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Фуражни култури или крма — растителен материјал (главно листови и дршки) што се користи како сточна храна, во свежа состојба или сушена. Историски гледано, во почетокот поимот ги опфаќал растенијата што животните ги користеле директно, како треви, жита или недозреани житни култури, но подоцна се користи во поширока форма и вклучува растенија што се косени, сушени и давани како храна на животните, особено сламата или силажните растенија.

Иако терминот сточна храна има поширока дефиниција, поимот фуражни растенија важи за земјоделски култури, едногодишни или двегодишни, кои се одгледуваат за да се искористат за пасење или за добивање сено како храна за добитокот.
Remove ads
Видови фуражни култури
Фуражни култури се:
Начини за чување на фуражните култури
За да се задоволат потребите на животните од храна во било која сезона, потребно е да се зачуваат фуражните растенија. Главно, се користат следниве три методи:
- природно сушење — со што се добива сено;
- дехидратација — отстранување на водата од сомелените растенија. Резултатот е добивање гранулирана сточна храна;
- силажа — метод за релативно влажно зачувување на фуражните растенија врз основа на контролирана киселинска ферментација.
Сламата, споредниот производ од житните култури, исто така може да се користи како сточна храна во периодите кога нема ниту една друга храна. Сепак, пожелно е сламата да се измеша со други хранливи состојки, за да се зголеми хранливоста и да се подобри апетитот на добитокот.
Remove ads
Во Македонија
Фуражните култури најчесто се одгледуваат заедно со индустриските култури и нивната застапеност во Македонија е релативно мала, односно изнесува околу 10%.[1]
Во 2007 г. фуражните култури во Македонија се одгледувале на вкупна површина од 21.458 хектари, поделени на следниве култури:[2]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads