Крпелево

From Wikipedia, the free encyclopedia

Крпелевоmap
Remove ads

Крпелево (бугарски: Кърпелево) — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, во состав на денешната Општина Струмјани на Благоевградската област, југозападна Бугарија.[2]

Кратки факти Крпелево, Земја ...
Remove ads

Историја

Отоманско Царство

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ датира од 40-те години на XIX век.[3]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Кърпел (Kërpel) имало 38 домаќинства со 110 Македонци.[4] [5]

Бугарија

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Географија

Селото Крпелево се наоѓа на околу 40 километри јужно од регионалниот центар Благоевград, на околу 7 километри западно од општинскиот центар Струмјани и на околу 16 километри северозападно од градот Сандански. Се наоѓа во југоисточните делови на Малешевските Планини, на околу 4 km југозападно од селото Каменица и на 5 km од десниот (западен) брег на реката Струма.

Надморската височина кај црквата „Успение Богородично“ во југоисточниот дел на Крпелево е околу 565 м и се издигнува на околу 640 м во северозападниот дел, а на околу 610 м во јужниот дел.

Западно од Крпелево кон селото Вракуповица, а на исток кон селото Каменица води општински пат без асфалтен коловоз.

Атарот на селото Крпелево се граничи со атарите на: селото Вракуповица на север; селото Горна Крушица на североисток; село Каменица на исток; селото Микрево на исток и југоисток; селото Седелец на југ; селото Цапарево на југозапад; селото Гореме на запад.

Remove ads

Население[4][6]

Повеќе информации Година, Жители ...
Население по возраст
од 2011 година
[7]:

Според пописот на населението од 2011 година, етничкиот состав на селото е следниот:[8]

Број на население
Вкупно37
Бугари29
Турци-
Роми-
Останати-
Не се определиле-
Без одговор8

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads