Горна Крушица

From Wikipedia, the free encyclopedia

Горна Крушицаmap
Remove ads

Горна Крушица (бугарски: Горна Крушицасело во Горноџумајско, Пиринска Македонија, во состав на денешната Општина Струмјани на Благоевградската област, југозападна Бугарија.[2]

Кратки факти Горна Крушица, Земја ...
Remove ads

Историја

Отоманско Царство

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Крушица (Krouchitsa) имало 26 домаќинства и 80 Македонци.[3] [4]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 120 жители, сите Македонци.[3][5]

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 176 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, пет лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.[7]

Бугарија

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.[8]

Во 50-тите години на 20 век селото се преселило од старата локација во Малешевската планина на 7 км источно во долината на Струма.

Во 1999 година била изградена црквата „Свети Димитар“.[9]

Remove ads

Географија

Селото Горна Крушица се наоѓа на околу 41 километри јужно од регионалниот центар Благоевград и на околу 9 километри југозападно од општинскиот центар Струмјани.

Селото Горна Крушица се наоѓа во долината на Струма, на околу 1 км западно од реката, во подножјето на Малешевските Планини. Северно од селото е Сливница, а на југ Каменица. Горна Крушица е поврзана со градот Кресна и селото Струмјани, кое е општински центар, преку асфалтиран, но тешко дотраен пат. На неговата денешна местоположба, Горна Крушица било изградено во 1958-1962 година. Пред тоа селото се наоѓало на околу 7 километри западно од сегашната населба во Малешевските Планини.

Remove ads

Население[3][10]

Повеќе информации Година, Жители ...
Население по возраст
од 2011 година
[11]:

Според пописот на населението од 2011 година, етничкиот состав на селото е следниот:[12]

Број на население
Вкупно65
Бугари63
Турци-
Роми-
Останати-
Не се определиле-
Без одговор2

Личности

Родени

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads