Цапарево
село во Пиринска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Цапарево (бугарски: Цапарево) — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, во состав на денешната Општина Струмјани на Благоевградската област, југозападна Бугарија.[2]
Remove ads
Историја
Отоманско Царство

Во текот на XIX век, селото било населено со христијани и било во составот на Мелничката каза а по 1878 година, на Петричката каза на Серскиот Санџак на Отоманското Царство.Црквата „Свети Димитар“ била изградена во 1847 година.[3]
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Цапарево (Tsaparévo) имало 92 домаќинства со 320 Македонци.[4]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 1000 жители, сите Македонци.[5][6]Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1320 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[7]
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, 4 лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.[8]
Бугарија
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Remove ads
Географија
Селото Цапарево се наоѓа на околу 42 километри јужно од регионалниот центар Благоевград, на околу 9 километри западно-југозападно од општинскиот центар Струмјани и на околу 16 километри северозападно од градот Сандански. Се наоѓа во јужните делови на Малешевските Планини, на надморска височина помеѓу Цапаревска Река - од север и североисток, и нејзината мала десна притока - од југ. Надморската височина во центарот на селото е околу 730 m, се зголемува кон неговиот западен дел на околу 790 m, а на падините на север, исток и југ значително се намалува.
Општински пат од Цапарево кон југозапад води до крак од третокласен Републички пат III-1008, кој доаѓа од исток од село Струмјани преку село Микрево, а на запад - со отстапување кон с. Горна Рибница, води до селото Клепало.
Атарот на селото Цапарево се граничи со атарите на: селото Гореме на север; селото Крпелево на североисток и исток; селото Седелец на југоисток и југ; селото Колибите на југозапад; селото Добри Лаки на југозапад; селото Раздол на запад; селото Горна Рибница на северозапад.
Во атарот на селото Цапарево има 10 микробрани.[9]
Remove ads
Население[5][10]
![]() |
Според пописот на населението од 2011 година, етничкиот состав на селото е следниот:[12]
Број на население | |
Вкупно | 201 |
Бугари | 199 |
Турци | - |
Роми | 4 |
Останати | - |
Не се определиле | - |
Без одговор | 2 |
Личности

Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads