Кругот на Касарните (Кочани)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кругот На Касарните — археолошко наоѓалиште во градот Кочани.
Претставува населба од римско време.
На ридот што се издига во средниот дел на градот,над левиот брег на Кочанска Река, во и околу кругот на старите касарни се наоѓа некропола од I-III век. Во 1982 година Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата извршил сондажно ископување (Ж. Винчиќ). Биле откопани повеќе гробови со камени конструкции - цисти, како и гробни јами со кремирани покојници положени во урни. Во археолошката литература се споменуваат девет питоси и еден епиграфски споменик најдени многу порано. Наодите се чуваат во Музејската збирка во Кочани.[1]
Remove ads
Поврзано
- Алењак — некропола од железното време;
- Барутница — населба од римското време;
- Влашки Ливади - Влашки Бунар — доцносредновековна населба;
- Горица — населба од железното и римското време;
- Гропче — средновековна некропола;
- Кругот на Касарните — некропола од римското време;
- Раечки Рид — населба од доцноантичкото време;
- Стари Лозја - Лукобија — некропола од римското време;
- Тикишински Лозја — некропола од железното време;
- Трештена Скала — осамен наод од бронзеното време;
- Цигански Рид — средновековна некропола;
- Црница — некропола од римското време;
- Шилести Рид — градиште и некропола од доцноантичкото време;
- Кочани;
- Список на археолошки наоѓалишта во Кочанско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија;
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads