Гропче (Кочани)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Гропче — археолошко наоѓалиште во градот Кочани. Претставува средновековна некропола. Се наоѓа на 3 км северисточно од градот, на тромеѓата на атарите на Кочани, Оризари и Вранинци, од двете страни на патот што води за Полаки. Во 1984 година е извршено сондажно ископување, при што се откриени повеќе гробови. Според начинот на погребувањето се издвојуваат 3 типа на гробови: без конструкции (слободно закопување), од камени плочи - тип циста, и гробови со венец од кршени камења. Сите се поставени во правец запад-исток. Од гробни прилози се најдени прстени, обетки, белезици од стаклена паста и тордирана бронзена жица и други предмети. Наодите се чуваат во Музејската збирка во Кочани.[1]
Remove ads
Поврзано
- Алењак — некропола од железното време;
- Бавчалак — доцносредновековна некропола;
- Барутница — населба од римското време;
- Влашки Ливади - Влашки Бунар — доцносредновековна населба;
- Горица — населба од железното и римското време;
- Кругот на Касарните — некропола од римското време;
- Раечки Рид — населба од доцноантичкото време;
- Стари Лозја - Лукобија — некропола од римското време;
- Тикишински Лозја — некропола од железното време;
- Трештена Скала — осамен наод од бронзеното време;
- Цигански Рид — средновековна некропола;
- Црница — некропола од римското време;
- Шилести Рид — градиште и некропола од доцноантичкото време;
- Кочани;
- Список на археолошки наоѓалишта во Кочанско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија;
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads