Куково
село во Општина Пробиштип From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Куково — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.
За други истоимени места, погледајте Куково (појаснување).
Remove ads
Географија и местоположба
Куково се наоѓа на крајниот југозападен дел на Пробиштипско-злетовскиот басен и територијата на Општина Пробиштип, источно од падините на планината Манговица, а неговиот атар се граничи со територијата на Општина Свети Николе. Оддалечено е на 17 км од Пробиштип, а атарот зафаќа површина од 9,4 км2. Селото е ридско и се наоѓа на надморска височина од 570 м. Припаѓа на сливното подрачје на Злетовска Река.[2]
Remove ads
Историја
Во XIX век, Куково се наоѓало во Штипската каза, во Отоманското Царство.
Во текот на Првата балканска војна, од селото имало 7 доброволци кои биле дел од Македонско-одринските доброволни чети.[3]
Стопанство
Во атарот на селото има земјоделска површина од 992 ха, од кои 449 ха го сочинуваат обработливото земјиште, 404 ха отпаѓаат на пасишта, а на површина од 24 ха се простираат шуми.[4]
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Куково имало 90 жители, сите Македонци христијани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Куково имало 80 жители.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[7]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 18 жители, сите Македонци. Бројот на домаќинства изнесувал 10, а бројот на живеалишта 28.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
Куково е македонско село.
Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:
- Староседелци: Дедо-Тимовци (3 к.), Корлунци (4 к.) и Соколовци (1 к.)
- Доселеници: Мартиновци (4 к.) доселени се од селото Петршино, а таму од селото Гујновци; Тнковци (5 к.) доселени се од селото Стануловци во Овче Поле; Какарци-Златановци доселени се од селото Петршино; Божиновци (2 к.) доселени се од селото Макреш во Овче Поле; Катранџијци (5 к.) доселени се од селото Ранченци во Овче Поле; Наковци (4 к.) и Дрчевци (2 к.) доселени се од сега раселеното село Тоол; Накарачи (2 к.) доселени се од селото Мечкуевци во Овче Поле.[13]
Remove ads
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Трооло, во која покрај селото Куково, се наоѓале и селата Бучиште, Гајранци, Гујновци, Зарапинци, Лезово, Пестришино, Пуздерци, Стризовци и Трооло. Во периодот 1950-1952 година, селото било дел од некогашната Општина Пуздерци, во која влегувале селата Зарапинци, Куково, Пестришино, Пуздерци, Стризовци и Трооло.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1546 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 4 гласачи.[15]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[16]
- Грамадиште — населба и некропола од доцноантичко време; и
- Мошевица — населба од доцноантичко време.
Галерија
- Регионалниот пат од Свети Николе до Пробиштип што ги поврзува Овче Поле и Злетовско-пробиштипско во близина на селото
- Пејзаж во Злетовско-пробиштипско со селото Куково во позадина
- Поглед на куќи во селото
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads