Кула (Годивје)

археолошко наоѓалиште кај Годивје, Охридско From Wikipedia, the free encyclopedia

Кула (Годивје)map
Remove ads

Кулаархеолошко наоѓалиште во охридското село Годивје, Општина Дебрца. Претставува опидум (утврдена населба) од хеленистичко време, доцната антика и средниот век.

Повеќе информации Основни податоци ...
Thumb
Врвови од противоклопни стрели (XII - XIV век).
Remove ads

Местоположба

Месноста Кула лежи 0,5 км западно од селото. Тоа е тераса со висина од 70 м, јазичесто издадена меѓу две длабоки бразди — меѓу Годивска Река на север и Жмерница на југ.[1] Лесно е пристапна од запад, каде што преку мало седло преминува во масивот на Славеј Планина. Има голем преглед околу, cи до патот Охрид — Кичево и до долината на Сатеска 3 км на исток и планинскиот превалец.

Опис

Повисокиот западен дел бил издвоен со внатрешен ѕид во малечка акропола, на чие што чело стоела издадена кула (оттука и името). Споменатиот врв претставува утврдено место со остатоци од бедем граден од кршен камен и варов малтер. Темелите на кулата се сложени од големи камени блокови, кои можеби потекнуваат од хеленистичко време.

Наоди

Антика

Ретки парчиња од грнчарија и една најдена фибула потекнуваат од хеленистичко време.[2] Во доцноантичко време било изградено обѕидие со малтер околу простор голем 230 × 50 м (1 ха). Најдени се парчиња од ковано железо (клинци, кламфи, алатки, врвови од стрели и др.). Стари рудници и траги од преработка на железна руда се регистрирани на повеќе места на планинските падини југозападно од Кула.

Среден век

На Кула се утврдени и парчиња од словенски црепни, а меѓу железните врвови за стрели има повеќе примероци за пробив на оклоп, типични за развиенот среден век. Несомнено е дека со оживувањето на рударството во Дебрца во тоа време и борбите помеѓу Византија и Србија околу овој регион (1329/30 г.), старата крепост кај Годивје била повторно користена. Траги од нови ѕидарски работи нема и ова упориште најверојатно било користено само повремено. Во документите од тоа време местово не е забележано.

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads