Годивје (Охридско)

село во Општина Дебрца, Охридско From Wikipedia, the free encyclopedia

Годивје (Охридско)map
Remove ads

Годивје — село во Општина Дебрца, во областа Дебрца, во близина на патот Кичево - Охрид.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото Годивје се наоѓа во областа Дебрца, на источните падини на Славеј Планина, оддалечено 27 километри јужно од Кичево и 38 километри северно од Охрид и Струга. Атарот на селото Годивје граничи со атарите на селата:Сливово на исток, Врбјани на север, Ржаново и Селци на запад, Лактиње на југ, и Арбиново на југоисток.[2] Поедини места во атарот на селото ги носат следните имиња: Горни и Долни Локви, Бел Камен, Војово, Присој, Корија, Рајчиница, Кобилица итн.[3]

Remove ads

Историја

Подрачјето на Годивје е населено уште од неолитот, за што сведочи наоѓалиштето Черенец околу 1 км источно од селото.[4]

Годивје е старо село, за првпат под името Годивје се спомнува во 1582, кога припаѓало во Охридскиот Санџак, нахија Дебрца. Еднаш старото Годивје пропаднало, и народот се иселил во Прилепско каде основале ново село Годивје (таму наречено „Годивле“). После пропаста на старото Годивје денешното Годивје го обновиле родови кои живееле во раселените села Војово и Гроов, тоа било средината на ХVIII век .[3] Во Илинденското востание селото било запалено поради силната активност на месното население, при што биле запалени 98 куќи, а биле убиени и неколку невини жители, стари, млади. Населението многу страдало и во текот на Втората светска војна, тогаш трпело насилие од балистите. Од ова село излегле и доста партизани, а во чест на загинатите партизани во селото има споменик.

Според податоците од 1873 година, селото имало 80 домаќинства со 225 жители христијани (Македонци).[5]

Remove ads

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Годивје живееле 550 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Годивје имало 576 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Годвиље е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 86 куќи.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Македонци.[9]

Според пописот од 2002 година, во селото Годивје живеат 92 жители, сите Македонци.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 27 жители, од кои 26 Македонци и 1 лице без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови

Годивје во целост е македонско православно село, а во минатото, во само мал период имало и Роми.

Според истражувањата од 1948 година, родови во селото:[2]

  • Староседелци: Самарџијовци (20 к.) за нив се збори дека први се поместиле од старото село Гроов; Продановци (7 к.) они се поместиле од месноста Лековита Вода; Сталевци (33 к.) се поместиле од Гроов, после Самарџијовци. Се делат на Мрдовци, Ѓундалевци, Станковци, Бокелевци, Бршковци и Соколовци; Куртовци (12 к.) се поместиле од Гроов. Еден дел од родот се вика Карајановци; Апостоловци (5 к.); Шишковци (15 к.); Крилевци (5 к.); Шутаровци (14 к.) се делат на Чолаковци и Попаѓовци.
  • Доселеници: Ѓаковци или Ѓоковци (25 к.) доселени се околу 1830 година од околината на Ѓаковица во Метохија. Предокот бил ковач во селото.
  • Роми: Дестан (1 к.) се доселил како ковач во селото во 1947 година од Кичево.

Според истражувањата од 1978 година, родови во селото:[3]

  • Староседелци: Чараповци (16 к.), Секуловци (15 к.), Попаѓовци (15 к.), Јаковчевци (10 к.), Шутаровци (7 к.), Андреевци (6 к.), Деспотовци (6 к.), Бачовци (5 к.), Станковци (5 к.), Дојчиновци (5 к.), Шипинковци (4 к.) и Коруновци (1 к.) предците на споменатите родови живееле во месностите Гроов и Војово.
  • Доселеници: Ѓаковци (25 к.) потеклото на овој голем род е како и името што асоцира од околината на Ѓаковица во Метохија. Од таму се иселиле поради крвна одмазда двајца браќа, едниот се населил во Дебарско, додека вториот по име Кузман се населил во денешното село. Како се мисли кај народот од овој род потекнувал Кузман Капидан. Ѓаковци подоцна давале иселеници во Војводина и во Тиквеш. Во овој род се знае следното родословие: Насте (жив на 68 г. во 1978 година) Василе-Ристе-Анѓеле-Кузман, основачот на родот кој се доселил.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1332 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 30 гласачи.[17]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Цркви
  • Св. Ѓорѓи“, прогласена за културно наследство на Македонија[18]
  • Св. Никола
  • Св. Вартоломеј“ — обновена и осветена на 24 јуни 2020 г.[19]
  • Св. Спас
Археолошки наоѓалишта[4]
Thumb
План на тврдината Кула
Remove ads

Редовни настани

Личности

  • Јаќим Димо Попаѓоски (? - 1941) — македонски револуционер од ВМОРО, четник на Дејан Димитров.
  • Смиле Наумовски (р. 1951) — македонски поет.
  • Коста Христов — македонски револуционер.
  • Јордан Иванов (? - 1905) — македонски револуционер, член на четата на Христо Узунов.
  • Спасе Новев Ангелески — македонски револуционер од ВМОРО.[20]
  • Бимбил Јонов Ангелески — македонски револуционер од ВМОРО.[20]
  • Сиљан Аврамоски — македонски револуционер од ВМОРО.[20]
  • Милка Деспотовска — македонска револуционерка од ВМОРО.[21]
  • Ристо Ристов Гурчиноски — македонски револуционер од ВМОРО.[21]
  • Серавил Мојсов Гундалески — македонски револуционер од ВМОРО.[21]
  • Ѓоргија Мојсов Котески — македонски револуционер од ВМОРО.[22]
  • Менка Настоска — македонска револуционерка од ВМОРО.[23]
  • Смиле Наумов Николов — македонски револуционер од ВМОРО.[23]
  • Дејан Јованов Станкоски — македонски револуционер од ВМОРО.[24]
  • Наста Лазарова Петреска — македонска револуционерка од ВМОРО.[25]
  • Илија Попаѓоски — македонски револуционер од ВМОРО.[25]- осуден во турскиот затвор Дијарбекир. (амнестиран 1904 со општата амнестија)
  • Ристо Јаќимов Попаѓоски — македонски револуционер од ВМОРО.[25]
  • Анѓеле Попоски — македонски револуционер од ВМОРО.[25]
  • Бимбил Проданоски — македонски револуционер од ВМОРО.[25]
  • Јонче Филипов — македонски револуционер од ВМОРО.[26]
  • Љубе Крстески — македонски партизан
  • Митушко Савески — македонски партизан
  • Нестор Јаковчески — македонски партизан
  • Петре Секулоски — македонски партизан
  • Трајче Сколоски — македонски партизан
  • Митана Андреевска — учесник во НОВ на Македонија
  • Менка Ѓуреска — учесник во НОВ на Македонија

Потекло

Remove ads

Иселеништво

Иселеници од ова село има во кичевското село Србјани (Мијаилевци), потоа во Ново Село (Тренески) и во Песочани (од повеќе селски родови).

Помеѓу двете светски војни десетина семејства мигрирале на разни локации, во Канада, Битола, Ниш, Бугарија и во Прилепско.[2]

После Втората светска војна иселеници имало во Војводина (Глогоњ), Тиквеш, Охрид, и на други места.[3]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads