Куртлу

From Wikipedia, the free encyclopedia

Куртлуmap
Remove ads

Куртлу (грчки: Λυκόστομο, Ликостомо[2]) — село во Општина Кавала во Кавалскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Кратки факти Куртлу Λυκόστομο, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 34 километри северно од градот Кавала на надморска височина од 764 метри.

Историја

Отоманско Царство

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Кавалската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 600 Турци[3].

Грција

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Ликостомо[4].

Remove ads

Демографија

Во 1928 година во селото биле сместени 89 грчки семејства со 307 лица[5]. Во 1928 година, бројот на населението бил 307 лица, додека во 1940 година селото броело 282 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 259 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 249 жители, во 1971 година имало 104 жители, во 1981 година имало 50 жители, додека во 1991 година имало 60 жители[6]. Денеска, населението на селото е 41 жител според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads