Лазохори

From Wikipedia, the free encyclopedia

Лазохориmap
Remove ads

Лазохори (грчки: Λαζοχώρι, книжевно: Λαζοχώριον, Лазохорион) — новосоздадено село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.

Кратки факти Лазохори Λαζοχώρι, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на околу пет километри северно од градот Бер, во непосредна близина и од источна страна на железничката пруга, на надморска височина од 55 метри.[2] Сместено е помеѓу селата Туркохор и Тарамон.

Историја

Селото било основано пред 1920 година од грчки бегалци од Турција, најверојатно веднаш по завршувањето на Првата светска војна. Првично во него биле сместено 43 бегалски семејства со вкупно 156 жители. Првпат е забележано во пописот од 1920 година.[2]

Стопанство

Селото е доста богато, бидејќи располага со плодни обработливи површини кои се наводнуваат. Населението главно се занимава со земјоделство. Најмногу се произведува овошје (праски и јаболка), памук и пченица.

Население

Селото првпат е регистрирано во 1920 година како чисто бегалска населба со 86 жители. Во 1928 година имало 167, а во 1940 година 257 жители. Во 1951 година биле попишани 124, во 1961 година 230, во 1971 година 188, во 1981 година 178, а во 1991 година 167 жители.[2]

Во пописот од 2001 година, селото било забележано со 166 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 380 жители.

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Remove ads

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Бер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Бер, во кој покрај Лазохори влегува и градот Бер и селата Меч, Мустали и Тарамон.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads