Тарамон
село во Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тарамон или Терамон (грчки: Ταγαροχώρι, Тагарохори, книжевно: Ταγαροχώριον, Тагарохорион, до 1926 година Ταραμήν, Ταραμών, Ταραμώνι[2]) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на околу пет километри северно од градот Бер, на надморска височина од 50 метри.[3]
Сместено е во Солунското Поле.
Историја
Селото отсекогаш имало македонско месно население, но во 1923 година биле доселени 39 грчки бегалски семејства, со што во целост се сменила етничката слика во селото.
Стопанство
Бидејќи се наоѓа во плодното Солунско Поле, селото располага со плодни обработливи површини, поради кои Тарамон со тек на време станало богато село. Најмногу се произведува овошје (праски и круши), но и пченица, како и други земјоделски производи.[3]
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Тарамон живеат 60 Македонци христијани.[4] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Тарамон имало 60 Македонци.[5] Бројките и на двајцата извори се разликуваат, па така во книгата „Населените места во Егејска Македонија“ на Тодор Христов Симовски, наведени се 72 Македонци, односно 75 жители Македонци од двата извори, соодветно.[3]
Во 1910 година во Тарамон имало 69 жители.[6]
Во 1913 година, селото било забележано со 27, а во 1920 година со 58 жители.[3] Изгледа дека се работело за чифлигарска населба, бидејќи тука во 1923 година, грчките власти сместиле 39 бегалски семејства со 151 жител, кои заедно со помалобројните месни македонски жители во 1928 година броело 197 жители. Во 1940 година, селото имало 303, во 1951 година 241, во 1961 година 270, во 1971 година 243, во 1981 година 201, а во 1991 година 194 жители.
Во пописот од 2001 година, селото било забележано со 203 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 182 жители.
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Remove ads
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Бер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Бер, во кој покрај Тарамон влегуваат градот Бер и селата Лазохори, Меч и Мустали.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads