Ласкарци
село во Општина Сарај From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ласкарци — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во западните делови на Скопската Котлина, на лево од автопатот Скопје - Тетово. Селото се наоѓа на десната страна на Суводолица.
Историја
Кон крајот на XIX век Ласкарци било село како дел од Скопската каза на Отоманското Царство.
На 13 февруари 2019 кај Ласкарци се случи голема автобуска несреќа во која автобус излета од автопатот Тетово-Скопје, што резултираше со 16 починати патници.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ласкарци живееле 275 жители, сите Албанци.[2]
По Балканските војни е забележано со 414 жители.[3]
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година Ласкарци — село во Групчинска општина и има 56 куќи со 497 жители, Албанци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 500 Албанци.[5]
На пописот од 2002 година, селото имало 1.190 жители, од кои 1.189 Албанци и 1 останат.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.169 жители, од кои 1.127 Албанци и 42 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
Ласкарци е албанско село.
Според истражувањата од 1949 година, родови во селото се:
- Доселеници: Мезин (10 к.) потекнуваат од фисот Бериша (Љума) во северна Албанија. Овде се доселени во почетокот од XIX век; Качуп (18 к.) доселени се од северна Албанија. Овде живеат од исто време како и родот Мезин, уште тврдат дека имаат роднини во некое кумановско село; Борозун (15 к.) доселени се од северна Албанија; Таировци (12 к.) и Суљовци (12 к.) потекнуваат од двајца браќа кои дошле од северна Албанија. Старото име им е Фичои. Доселени се во првата половина на XIX век. Уште се зборува дека од старото место во Албанија се иселиле четири браќа, двајца дошле во Ласкарци, еден отишол во Ларце, а четвртиот во селото Коњари близу Скопје; Љумљан (2 к.) по потекло од Љума во северна Албанија. Од таму се иселиле во Рогле, па потоа прешле во Ласкарци, во Рогле немаат роднини, затоа што од таму се иселиле во Тетово и Турција.[12]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта
- Бадеми — некропола од доцноантичко време
Личности
- Насер Зибери (р. 1961) — политичар
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads