Летевци
село во Општина Петровец From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Летевци — село во Општина Петровец, во областа Блатија, во околината на градот Скопје.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Блатија, на левиот брег на реката Пчиња, оддалечено 35 километри јужно од Скопје и 20 километри јужно од општинскиот центар Петровец.
Историја
Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.
Стопанство
Населението, повратниците и повремените жители најмногу се занимаваат со сточарство, со одгледување на говеда - крави од видот ридска буша и кози, за што постојат многу поволни услови од бројните ливади и нискостеблеста шума, како и посеви со јачмен.
Население
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Скопскиот Вилает и имало 28 христијански семејства.[2]
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото е заведено под името Летефче и било христијанско, каде имало 15 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 55 мажи христијани, со 4 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 118 жители.[3]
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 94 жители.[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Летевци живееле 150 жители, сите Македонци.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.[6]
Од Летевци се иселил значителен број од населението и тоа преминало од средно во мало село, населено со македонско население. Така, селото во 1961 година имало 102 жители, а во 1994 година бројот се намалил на само 8 жители.
Според пописот од 2002 година, во селото Летевци живееле само 6 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4 жители, од кои 3 Македонци и 1 лице без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
Летевци е македонско село.
Селото Летевци во целост е населено со македонски православни христијански родови. Најголем дел од населението потекнува од староседелски родови кои се преселиле од пределот Старо Село и го основале Летевци, а тоа се родовите: Трајановци и Димовски кои слават Воведение на Пресвета Богородица, Дуковци и Ивковци кои слават Св. Архангел, Миајлевци со старо презиме Ристевци, Митковци, Куртовци и Јанковци кои слават Свети Никола.[13]. Доселенички род се Спасовски кои слават Св. Архангел, а се доселиле од околината на Кратово кои по Првата светска војна најпрвин се доселиле во велешкото село Иванковци, а во 1949 година се доселиле во Летевци[13].
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
- Маркови Кули - тврдина-гранична стража 1,2 км јужно од селото.
Редовни настани
Личности
Личности родени во Летевци:
- Петре Трајковски (1921-1945) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads


