Петровец

село во Општина Петровец From Wikipedia, the free encyclopedia

Петровецmap
Remove ads

Петровец (некогаш: Ибраимово) — село и административно седиште на истоимената општина, во областа Блатија, во околината на градот Скопје.

Оваа статија е за селото Петровец. За аеродромот, видете Аеродром Александар Велики.
За истоимената општина, видете Општина Петровец.
Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Аеродромот Александар Велики

Во просторот на истоимената општина во северниот дел на Македонија се наоѓа селото Петровец. Селото се наоѓа во источниот дел на Скопската Котлина, во Блатија, на двете страни на патот Скопје-Велес. Од градот Велес селото е оддалечено нешто повеќе од 30 километри, а од градот Скопје нешто повеќе од 10 километри во југоисточен правец. Петровец е седиште на општината, брои околу 2.660 жители од кои 2.312 се Македонци, од нив 1.185 биле мажи, а 1.127 жени. На југозапад од Петровец е градот Велес, на север е патарината „Петровец“ на автопатот А 4, на североисток е аеродромот Меѓународен аеродром Скопје, на северозапад е градот Скопје со населбите Хиподром и Маџари.

Remove ads

Историја

Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било заведено под името Ибрахим и имало мешано христијанско[2] и муслиманско[3] население, каде имало 31 христијански и 6 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 81 мажи христијани, со 5 новороденчиња и 5 мажи муслимани со 1 новороденче. Се проценува дека селото во тој период имало 184 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 280 жители.[4]

На крајот на XIX век, селото Ибраимово било дел од нахијата Блатија во Скопската каза во Отоманското Царство. Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија. Етнографија и статистика) во 1900 г. во Ибраимово имало 170 Македонци-христијани.[5][6]

На почетокот на XX век целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар на Бугарија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ибраимово (Ibraïmovo) живееле 160 жители, сите Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[5] и во селото работело народно училиште.[7]

На крајот од 1904 г. во Ибраимово се одиграл битка меѓу четата на војводата Васил Аџаларски и турска потера, составена од аскер и башибозук. Четата ја зазела беговската кула во селото и во текот на ноќта со бомби успеала да го пробие турскиот кордон.[8]

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го наведува Ибраимово (Ibraimovo) како село со нејасен етнички состав, меѓу двете светски војни.[9]

Remove ads

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Петровец живееле 170 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Петровец имало 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци.[10]

Селото е големо и во 1961 година броело 966 жители, до кои 784 биле Македонци, 38 Албанци, 7 Турци, 104 Срби и 33 останати. Во 1994 година, бројот се зголемил на 2.490 жители, од кои 2.154 Македонци, 44 Албанци, 29 Роми, 116 Срби и 147 останати.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.659 жители и 703 домаќинства. Во него живеат 2.312 Македонци, 53 Роми, 67 Албанци, 99 Срби, 118 Бошњаци и 10 останати.[11]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3.132 жители, од кои 2.637 Македонци, 83 Албанци, 2 Власи, 99 Срби, 164 Бошњаци, 11 останати и 136 лица без податоци.[12]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[13]

Повеќе информации Година, Македонци ...
Thumb
Црквата „Св. Ѓорѓи“ во Петровец

Родови

Петровец е мешано село.

Според истражувањата од 1953 година, родови во селото биле:

Македонски

  • Доселеници: Петруш-Ќајини (3 к.) најстар селски род. Нивниот дедо бил ќаја. Потеклото не го знаат. Го знаат следниот родослов Крсте (жив на 75 год. во 1953 година) Арсе-Петруш кој се доселил во селото; Здравковци (6 к.) доселени кон крајот на 19 век од соседното село Ќојлија; Ќираковци (5 к.) доселени кон крајот на 19 век од селото Миладиновци. И таму биле доселени однекаде; Пане Голе (1 к.) доселени од селото Градовци. во 1953 година во куќата живееле само стари луѓе; Пулевци (3 к.) доселени се на крајот од 19 век од селото Огњанци. Таму биле доселени од селото Морани; Субашоски (1 к.) доселени од селото Кадино; Зелениковци (4 к.) доселени од селото Зелениково; Спасевци (5 к.) и Шапкалиовци (3 к.) доселени од селото Мралино; Манџуковци (6 к.) доселени од селото Кадино на почетокот од 20 век; Пиличковци (4 к.) доселени во исто време и од исто место како и претходниот род. Подалечно потекло имаат од селото Сушица. А имаат роднини и во селото Белимбегово (9 к.); Ѓоргијовци (5 к.) од селото Наово преминале во селото Огњанци, а од таму во денешното село; Димковци (3 к.) доселени се од селото Ќојлија; Раштевци (4 к.) доселени во 1918 година од селото Раштак. Таму имале роднини, Дрневци, подалечно потекло од тетовско; Михајловски (5 к.) доселени се после 1918 година од селото Миладиновци. Таму припаѓале на родот Трајанковци, подалечно потекло од прилепско; Луковски (2 к.) доселени после 1918 година од селото Трница во Горна Река, по дома збореле албански; Шопови (1 к.) доселени се од селото Ќојлија. таму имаат роднини, подалечно потекло од селото Орашац кај Куманово; Тофилоски (2 к.) доселени се 1923 година од селото Беличица во Горна Река; Баровци (3 к.) доселени 1923 година од селото Сушица, а таму здоселени од селото Барово, припаѓале на родот Гроздановци; Дурлевски (2 к.) доселени 1925 година од мијачкото село Галичник. се занимаваат со млекарство; Шкопаковци или Шурлиновци (4 к.) доселени се како ковачи, 1935 година од Скопје; Неделковски (1 к.) доселени 1941 година од селото Долно Соње; Ролевци (1 к.) по потекло се од селото Сушица. од таму се населиле во Ржаничино, и во 1951 година во Петровец.

Српски

  • Доселеници: Здравковиќи (1 к.) доселени во 1917 година од селото Радивојца кај Гнилане. Они се србизирани Роми, брачни врски склопуваат со населението од селото Пакошево, кои еден дел потекнуваат од православни Роми; Костиќи (1 к.) доселени се 1921 година од околината на Ваљево; Лазовиќи (1 к.) доселени 1921 година од Заблаќа кај Чачак; Милојевиќи (2 к.) доселени 1928 година од Читлука кај Крушевац. Имаат роднини во Ржаничино; Петровиќи (1 к.) доселени се 1947 година, пред тоа живееле во селото Матејче кај Куманово; Дељани (1 к.) доселени од околината на Куршумлија. Се доселил домазет во македонско семејство.

Поалбанчени Роми (Маљоци)

Доселеници: Шабанови (2 к.) доселени од селото Неродимље кај Урошевац. 1938 година се доселиле во Бутел, а од таму во Петровец, имаат роднини во Белимбегово; Куртишеви (3 к.) доселени од некое косовско село. прво живееле во Инџиково и Маџари, па се населиле во Петровец.

Турци

Доселеници: Јакуповци (1 к.) потекнуваат од еден чифлик сабија. Во овој род живеел само еден човек.[14]

Remove ads

Личности

Култура и спорт

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads