Лешница (Кичевско)
село во Општина Кичево From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Лешница[2] — село во Општина Кичево, во областа Кичевија, во околината на градот Кичево.
Remove ads
Географија и местоположба
Лешница се наоѓа во областа Горно Кичево, на источните падини на Бистра, оддалечено 11 килиметри североисточно од Кичево.
Историја
Население
Според податоците од 1873 година, во Лешница имали 8 домаќинства со 95 жители христијани (Македонци).[3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лешница живееле 245 жители, од кои 170 Македонци и 75 Албанци.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лешница се води како мешано македонско-албанско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 41 куќа.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци и 100 Албанци.[6]
Според пописот од 2002 година, во Лешница живееле 219 жители, од кои 37 Македонци и 182 Албанци.[2]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 95 жители, од кои 20 Македонци, 70 Албанци и 5 лица без податоци.[7]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[8]
Родови
Лешница е македонско-албанско село.
- Македонски родови во селото се: Чуљевци (9 к.) куќите им се во горно маало, они се најстариот селски род. Возможно е да се староседелци; Боздевци (7 к.), Миајлевци (4 к.) и Петревци (1 к.) куќите им се во средно маало, овие родови потекнуваат од предци кои се доселени. Родот Боздевци е доселен од некое село во областа Матија (во Албанија), доселени се како каури пред Албанците, Миајлевци се доселени од торбешкото село Бачишта, а за потеклото на родот Петревци не се знае ништо.
- Албански родови во селото се: Исљамовци (12 к.) и Садуловци (12 к.) потекнуваат од ист предок, доселени се од областа Матија. Тука се оженил за Македонка православна, и од тој брак потекнуваат родовите. Куќите им се во долно маало. Лешничките Албанци често се женеле со Македонки. Пред крајот на турското владеење они грабнале три Македонки. После Првата светска војна две наши девојки доброволно се земале за Албанци.[9]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 826 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[10]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 175 гласачи.[11]
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Личности родени во Лешница:
- Драган Спироски (1910-1943) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Култура и спорт
Иселеништво
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads