Бачишта

село во Општина Кичево From Wikipedia, the free encyclopedia

Бачиштаmap
Remove ads

Бачишта — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево. До 2013 година селото било дел од Општина Зајас, која се припоила кон Кичево.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на источните слапови на Бистра Планина. Селото се наоѓа на Бачишка Река. Оддалечено е 13 километри северно од Кичево. Од патот Кичево-Гостивар, населбата е оддалече на 4,4 км, а од градот Кичево 15,5 км.

Историја

Во XIX век селото било дел од Кичевската каза во Отоманското Царство.

Историски населението во Бачишта секогаш било македонско. Но кога во 1991 година во селото бил формиран разгранок на ПДП веднаш во училиштето бил бојкотиран македонскиот јазик и бил воведен албанскиот. Преку албанските политички структури бил извршен притисок и тогашниот македонски министер за образование дозволил, наместо дотогашниот македонски, во училиштето во Бачиште и официјално да се воведе албанскиот како наставен јазик. Така и ден денес децата учат на албански, додека дома си зборуваат на мајчиниот македонски јазик, а веќе партиско-политички „национално“ се идентификуваат како - Албанци.[2]

Remove ads

Стопанство

Атарот е голем и зафаќа простор од 22,3 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.427,9 ха, пасиштата заземаат површина од 543,9 ха, а на обработливото земјиште отпаѓаат 201 ха. Според ваквата аграрна структура селото има мешовита земјоделска функција.[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бачишта живееле 450 жители, сите Торбеши (Македонци муслимани).[4]

Од другата страна пак, според рускиот филолог Афанасиј Селишчев, селото во 1929 година било означено како словенско.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци.[6]

Во Бачишта живее албанско население, коешто во 1961 година броело 527 жители, додека во 1994 година селото имало 685 жители.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 772 жители, од кои 1 Македонец, 756 Албанци и 15 останати.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 470 жители, од кои 443 Албанци, 2 Роми и 25 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

Бачишта е албанско село.

Родови во селото се:

  • Во маалото Алиовци се овие родови: Исаковци, Арслановци, Ипчевци, Селимовци и Королиовци сите заедно имаат 60 куќи.
  • Во маалото Незировци се овие родови: Таманковци, Бајрамовци, Велковци или Велијовци, Браимовци, Ценковци, Папевци, Фејзовци, Бешировци и Зеновци сите заедно имаат 41 куќа. Во еден од овие родови се знае следното родословие: Зеќир (жив на 37 г. во 1961 година) Сефер-Браим-Исо-Усејин-Незир, најсариот познат предок.
  • Во малото Лакофци најстариот жител Мифтар раскажува дека од секогаш во с.Бачишта живеело само Албанско население. (7 к.).

Наведените родови се староседелски.[12]

Remove ads

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 824 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 690 гласачи.[14]

Личности

  • Мемед Алија Велиоски - партизан.[2]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads