Ливадичко Езеро

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Ливадичкото езеро (српски: Штрбачко језеро, албански: Xholi i Livadices) ледничко езеро[1] и едно од 27-те на Шар Планина. Тоа е едно од поголемите и поубавите езера на планината.

Кратки факти
Remove ads

Историја

Жителите на Косово го нарекуваат Штрбачко језеро, заради општината Штрпце во која се наоѓа. Сегашното име го има добиено по врвот во чија близина се наоѓа, -Ливадица (2.491 m). Инаку ова езеро на сточарите им било познато од многу одамна. Но за првпат почнува да се истражува во 1911 година од страна на познатиот српски научник Риста Николиќ. Од тогаш за ова езеро се има многу пишувано и истражувано[2].

Remove ads

Природни одлики

Езерото се наоѓа на северозападното било на Шар Планина на 2.137 m надморска висина, а околу него се наоѓаат повеќе ридести височинки. Бреговите му се карпести, а највпечатлива е надвиснатата карпа над езерските води, настаната од ударната силе на езерските бранови, со вдаблатина од 2 метра, со која е единствена од таков облик на Шар Планина. И рамниот дел од езерскиот брег е прошитен со ребрести камења, но овој дел е и затревен. Бреговите секаде околу езерото се чисти[3].

Езерото е долго 238, а широко 124 метри со обем од 570 до 700 метри во зависност од годишното време. Површината изнесува 20.740 m². Длабочината се движи од 6,5 до 8,60 метри исто така во зависност од водостојот. Максималната длабочина е од мај до јули, кога поради големиот водостој се случува езерото да претечува. Најмал водостој има од август до октомври.

Езерското дно главно е коритесто. Водата е бистра и чиста и се гледа самото дно. Акумулацијата се создава преку Сочничкиот Поток кој се влева во езерото. Во езерото има и подводни извори, кои се забележуваат од секоја страна. Кога езерото се одлива, потокот што излегува е еден од оние кои ја создаваат Калуѓерската река. Дел од водата понира[4].

Remove ads

Риба

Езерото во неколку наврати е порибувано, но поради суровоста на поднебјето, рибата не може да се размножува. Па затоа повеќе риболовни друштва од Македонија и соседна Србија вршат редовни порибувања со планинска пастрмка[5].

Туризам

Поради прекрасните пејзажи кои ги нуди езерото и планината, на дој дел од Шара има голему услови за развој на Туризмот. Потфатот што го прават риболовните друштва во повеќе наврати мами спортски риболовци да ловат и уживаат во просторот. Поради понирањето на дел од водата, кај местното население се создале многу легенди и приказни, кои во секој случај мамат намерници и планинари[6].

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads