Ливадишта
поранешно село во Драмско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ливадишта (грчки: Λιβαδάκι, Ливадаки; до 1927 г. Λειβάδιστα, Ливадиста[1]) — поранешно село во Драмско, Егејска Македонија, на територијата на денешната Општина Неврокоп на Драмскиот Округ во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Remove ads
Географија
Селото се наоѓало околу 28 км северозападно од Драма и 10 км североисточно од Зрново, во падините на планината Боздаг, на надморска височина од 680 м.[2]
Историја
Во Отоманското Царство
Во XIX век Ливадишта било македонско село во Неврокопската каза на Драмскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Ливадишта (Livadischta) имало 52 домаќинства и 180 Македонци.[3][4] Според Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) во 1889 г. во селото имало 52 македонски домаќинства.[3][5]
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
„ | Ливадишта, на 7 1⁄2 часа југоисточно од Неврокоп; лежи во едно долиште помеѓу еден поток. Околината е планинска и со богата шума; букова, елова, борова. Речиси сите се ѕидари; одат во Драмско за работа. Црква св. Богородица, се чита мешано; училиште само бугарско со 20 ученици. 75 македонски куќи.[3][6] | “ |
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото имало 450 жители, сите Македонци.[3][7]
Во Првата балканска војна, 28 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.[8]
Во Грција
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 482 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 265, поради масовно иселување во Бугарија. По крвавиот Трлиски инцидент од јули 1924 г. 266 лица се иселиле во Бугарија по официјален пат..[2]
На местото на иселеното македонско население биле доведени 45 бегалски семејства (вкупно 123 бегалци) од Мала Азија, со што селото станало мешана населба.[2] Во 1927 година, името на селото било променето во Ливадаки (Λιβαδάκι).[1] Селото настрадало за време на Втората светска војна, поради што броело само 12 жители во 1951 г. Наполно е раселено во текот на 1960-тите, а подоцна избришано од евиденција.[2]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
Цркви
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“
Личности
Родени во Ливадишта
- Георги Германов (1896–1938) — комунист
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads