Џон Страт

From Wikipedia, the free encyclopedia

Џон Страт
Remove ads

Џон Страт, полно име: Џон Вилијам Страт, трет Барон Рејли (англиски: John William Strutt, 3rd Baron Rayleigh; 12 ноември 1842 - 30 јули 1919) — англиски физичар, кој заедно со Вилијам Ремзи, го откриле аргонот, што е достигнување за кое ја добил Нобеловата награда за физика во 1904 година. Тој исто така го има откриено феноменот што се нарекува Рејлиево расејување, со кој може да се објасни зошто небото е сино и го предвидел постоењето на површинските бранови, денес познати како Рајлиеви бранови. Рејлиевата книга, Теоријата на звук е сè уште во употреба и денес од страна на акустичарите.

Кратки факти Џон Страт, Роден(а) ...
Remove ads

Животопис

Џон Страт страдал од слабост и лоша здравствена состојба во неговата младост.[1] Тој се образувал во училиштето „Хароу“, пред да го продолжи образованието на Кембричкиот универзитет во 1861 година каде што студирал на колеџот Тринити. Се стекнал со диплома истиот и бил добитник на првата Смитова награда во 1865 година и магистерирал во 1868.[2] Тој подоцна е избран за член на друштвото Тринити. Тој бил на оваа функција сè до неговиот брак со Евелин Балфур во 1871 година, ќерка на Џејмс Балфур. Тој имал 3 сина. Во 1873 по смртта на својот татко го наследил баронството на Рејли.[3]

Тој бил и втор професор „Кевендиш“ по физика на Кембричкиот универзитет (по Џејмс Кларк Максвел), од 1879 година до 1884 година. Тој прв го опиша динамичкиот лет на морските птици во 1883 година, во британското списание Nature. Од 1887 до 1904 година бил професор по природна филозофија на Кембрич.

Околу 1900 година Рејли ја развил дојната теорија за локализација со употреба на човековиот звук со помош на два бинаурални ритми, меѓуушна временска разлика (МВР) и звучна разлика (ЗР). Теоријата претпоставува дека луѓето користат два основни ритми за звучна латерализација, со помош на разликата во фазите на синусоидните компоненти на звукот и разликата во амплитудата меѓу двете уши.

Во 1919 година, Рејли бил претседател на Здружението за психички истражувања.[4]

Рајл е единицата за акустична импеданса и е именувана во негова чест.

Како застапник дека едноставноста и теоријата требале да бидат дел од научниот метод, Рејли се залагал за принципот на сличност. Тој бил избран за соработник на Кралското друштво на 12 јуни 1873 година и бил претседател на Кралското друштво од 1905 до 1908. Од време на време учествувал во Домот на лордовите, но се вклучувал да говори само ако политиката била вклучена во науката. Починал на 30 јуни 1919 година, Витам.[3] Тој бил наследен од својот син Роберт Страт, кој исто така бил познат физичар.

Remove ads

Освоени награди

Кратерите на Марс и Месечината се именуван во негова чест, како и видот на површински бран наречен Рејлиев бран. Астероидот 22740 Рејли е именуван во негова чест на 1 јуни 2007 година.[5] Рејл, единицата за акустична импеданса, е именувана во негова чест.

Remove ads

Библиографија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads