Лоренс Ворбас

американски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia

Лоренс Ворбас
Remove ads

Лоренс „Лери“ Ворбас (англиски: Lawrence "Larry" Warbasse; р. 28 јуни 1990 ) — американски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата АГ2Р Ситроен Тим.[1] Најдоброт е познат по освојувањето на националното друмско првенство во 2017 година. Ворбас настапувал и за екипите Ванти-Груп Гобер[2] и ИАМ Сајклинг.

Кратки факти Лични податоци, Цело име ...
Remove ads

Кариера

Ворбас дипломирал на Мичигенскиот универзитет.[3] Бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2016,[4] но ја напуштил трката на шестата етапа.[5]

Кариерата на Ворбас направила исчекор во 2017 година со Аква Блу Спорт,[6] со победата на првата поединечна трка како професионалец на четвртата етапа на Тур де Свис, пред да ја освои друмската трка на државното првенство. Откако Аква Блу Спорт објавиле дека ќе се распаднат во август 2018 година, Ворбас успеал да се договори со АГ2Р-Ла Мондијал за сезоната 2019.[7]

Во 2019 година, Ворбас завршил меѓу првите пет на друмската трка и на хронометарот на националните првенства. На Џиро д’Италија 2020 завршил на 17. место, негово најдобро во кариерата, веднаш зад францускиот колега Орелен Паре-Пинтре; двоецот биле најдобро пласирани возачи од АГ2Р-Ла Мондијал на трката.[8]

Remove ads

Достигнувања

2008
9. Краен пласман Тур де л’Абитиби
2011
5. Национално хронометарско првенство под 23 години
5. Краен пласман Тур де Берлин
5. Лиеж-Бастоњ-Лиеж за младинци
7. Краен пласман Истарски пролетен трофеј
7. Краен пласман Флеш ди Сид
8. Гран Премио Палио дел Речото
2012
4. Национално хронометарско првенство под 23 години
5. Краен пласман Ронд де л’Изар
6. Хроно Шампеноа
8. Гран Премио Палио дел Речото
2013
1. Етапа 2 (ТТТ) Трка околу Катар
2015
8. Краен пласман Трка околу Баварија
2016
7. Краен пласман Трка околу Полска
2017
Национални друмски првенства
1. Друмска трка
5. Хронометар
1. Етапа 4 Тур де Свис
8. Краен пласман Трка околу Норвешка
2018
4. Национално хронометарско првенство
10. Класик Ла Дром
2019
Национални друмски првенства
4. Хронометар
5. Друмска трка

Распоред на резултатите на големите трки

Повеќе информации Голема трка, Џиро ...

СО = се откажал; — = не учествувал

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads