Мали оддалечени острови на САД

From Wikipedia, the free encyclopedia

Мали оддалечени острови на САД
Remove ads

Мали оддалечени острови на САД (англиски: United States Minor Outlying Islands) — осум островски територии на САД во Тихиот Океан: Бејкеров Остров, островите Хауленд и Џарвис, Џонстоновиот Атол, Кингменовиот Гребен, Мидвејскиот, Палмирскиот Атол и островот Вејк; и една во Карипското Море: Наваса. Управата на САД понекогаш тука ги вбројува и карипските територии Бахо Нуево и Сераниља, но тие се предмет на спорување од страна на други земји.

Кратки факти Мали оддалечени острови на САД United States Minor Outlying Islands, Најголем village ...

Од сите овие острови, Палмирскиот Атол е единствената територија во состав на самите САД. Ниеден од нив нема постојано население, туку само привремен научен и воен персонал. Според пописот од 2000, избројани се 315 лица на Џонстоновиот Атол и 1 лице на островот Вејк.[1] Во поновата историја, на островите не е забележано домородно население, освен во пописот од 1940. Во 1936 започнала организирана колонизација на Бејкеровиот Остров, Хауленд и Џарвис Baker, но сите жители биле евакуирани во 1942 поради Втората светска војна.[2][3]

Островите се групираат заедно од статистички причини. Тие не се под една управа, и немаат заедничка културна и политичка историја.

Збирен код за островите во стандардот ISO 3166-1 alpha-2 е UM. Островите поединечно имаат бројчени кодови од ISO 3166-2 (вид. ISO 3166-2:UM). Порано островите го носеле државниот код на главниот интернет домен (ccTLD) „.um“; но истиот е укинат во јануари 2007.[4]

Поимот „Мали оддалечени острови на САД“ е воведен во 1986 од страна на Меѓународната организација за стандардизација (ISO). Од 1974 до 1986, пет острови (Бејкеров, Хауленд, Џарвис, Палмирскиот Атол и Кингменовиот Гребен) имале збирен назив „Различни Тихоокеански Острови на САД“ (United States Miscellaneous Pacific Islands), со ISO 3166-код PU. Мидвејскиот Атол го носел кодот MI, Џонстоновиот Атол имал код JT, а оној на Вејк гласел WK.

Тихоокеанските острови се окружени со големи исклучителни економски зони.

Remove ads

Острови

Повеќе информации Атол/Остров, Зејишна површина км² ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads