Мало Рувци
село во Општина Прилеп From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мало Рувци — село во областа Пелагонија, во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото лежи на граница на брдско земјиште на југ и рамно земјиште на север, низ него минува делницата Прилеп - Битола. Околни населби се Штавица, Алинци, Чумово и Шелеверци. Во Мало Рувци постојат две послаби чешми и неколку бунари. Потезите во селото се викаат : Штавички пат, Голема нива, Лозја, Комарчани, Мечоец, Цуцулина, Голема ливада, и Барутчица. Селото е од збиен тип . Група куќи се викаат по главните родови – Чакмаковци, Карбевци, Бошовци итн. Мало Рувци имало вкупно 49 домаќинства (1955 г. )[2] и една црква.
Remove ads
Историја
Над селото во лозјата е местото Барутчица. Таму селаните орале гробови за кои не се знае од кој век се. На поедини гробови порано постоеле камени плочи. Во Мало Рувци има црква на Св. Спас, изградена пред околу 65 години. До тогаш тука постоела стара проста црква. Селската слава е на Спасовден. Покрај црквата се селските гробишта. Во ова село живеат доселени македонски родови. Најпрво се анселиле Џајковци и Мустревци, во првата половина на XIX век. За време на Турците сите жители биле „ортаци и момоци“ на читлуците. Годината 1912 селото имало 12 македонски куќи и 12 турски читлуци. Газдите на читлуците живееле во Битола. Само еден живеел во Прилеп. После 1912 г. секое домаќинство ја купило земјата на оној читлук на кој работело. Затоа измеѓу двете светск ивојни секој од селаните имамл доста своја земја. Меѓутоа од пед неколку години „баш полето“ го зело државното добро „Мирче Ацев“. Бројот на домаќинства во селото изнесувал: 1921 г. – 17, 1948 г. – 42, 1961 г. – 52, 1971 г. – 53.[2]
Remove ads
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мало Рувци живееле 220 жители, сите Македонци.[3] Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[5]
Според пописот од 2002 година, селото Мало Рувци има 22 жители, сите Македонци.[2][6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
Мало Рувци е македонско село.
Според истражувањата од 1955 година, родови во селото се:
- Доселеници: Мустревци (4 к.) доселени се од селото Добрушево во Битолско; Чакмаковци (7 к.) доселени се од селото Штавица; Марковци (3 к.) и Мицеви (7 к.) доселени се од селото Марул. И таму биле доселени однекаде; Карбевци (6 к.) доселени се од селото Ерековци; Бошевци (5 к.) потекнуваат од Кадино Село. Од таму се иселиле во селото Алинци, па потоа прешле во Мало Рувци; Ѓураковци (3 к.) и Мечовци (2 к.) доселени се во 1949 година од селото Тушин во воденско; Џајковци (3 к.), Широковци (3 к.), Пажевци (4 к.) и Кузмановци (2 к.) доселени се, но не знаат точно од каде.[2]
Remove ads
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1436 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 4 гласачи.[12]
Личности
- Наум Николов Пажески — македонски револуционер.[13]
Иселеништво
Од денешниот род Мустревци, има иселеници во соседно Чумово. Таму се викаат Батковци (6к.) Дурлевци се иселиле во Волково (13к.). Други иселеници од родот Чакмаковци живеат во Скопје.[2]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads