Шелеверци

село во Општина Прилеп From Wikipedia, the free encyclopedia

Шелеверциmap
Remove ads

Шелеверци — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото е сместено во областа Пелагонија, на околу 19 километри јужно од Прилеп. До 2004 година беше дел од Општина Тополчани.

Историја

Во XIX век, Шелеверци било село во Прилепската каза на Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Шелеверци живееле 66 жители, сите Македонци.[2]

Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во Шелеверци имало 80 Македонци, патријаршисти.[3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Шелеверци е претставено како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 10 куќи.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[5]

Remove ads

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според пописот од 2002 година, во Шелеверци живееле 21 жител, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 6 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови

Шелеверци е македонско православно село, сите родови во селото се доселенички, повеќето родови не знаат од каде се доселени.

Родови во Шелеверци се:

  • Доселеници: Ацевци (3 к.), Јанкуловци (2 к.), Јаричевци (1 к.) и Мишевци (1 к.) доселени се однекаде; Кузмановци (8 к.) и Вршковци (2 к.) потекнуваат од некое место во Преспа. Од Преспа најпрво се населиле во селото Мало Рувци. Потоа се преселиле во селото Шелеверци. Имаат роднини во селото Ерековци; Николовци (1 к.) потекнуваат од домазет кој дошол од Беровци; Мариовци (1 к.) доселени се од мариовското село Гуѓаково.[11]

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Прилеп, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Тополчани.

Во периодот од 1965-1996 година, селото било сместено во големата општина Прилеп.

Во периодот од 1955-1965 година, селото било дел од тогашната општина Тополчани, во која селото Шелеверци, се наоѓале селата Алинци (Битолско), Алинци (Прилепско), Бонче, Вашарејца, Веселчани, Горно Чарлија, Долно Чарлија, Добрушево, Древеник, Ерековци, Загорани, Ивањевци, Канатларци, Клепач, Лопатица, Лознани, Марул, Мојно, Мусинци, Ношпал, Новоселани, Подино, Подмол, Свети Тодори, Тополчани, Тројкрсти, Трновци и Чепигово.

Во периодот од 1952-1955 година, селото било дел од тогашната општина Канатларци, во која селото Шелеверци, се наоѓале селата Бонче, Ерековци, Канатларци, Лопатица, Марул и Подмол.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1498 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи.[13]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads