Мал Радобил
село во Општина Прилеп From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мал Радобил или Мало Радобил[2] — село во областа Раец, во Општина Прилеп, на патот помеѓу градовите Кавадарци и Прилеп. Денес нема жители.
Remove ads
Географија и местоположба
Голем Радобил се наоѓа во североисточниот дел на Општина Прилеп, во горното сливно подрачје на реката Раец, во близина на превојот Плетвар. Селото е рамнинско и се наоѓа на надморска височина од 620 м. Од градот Прилеп е оддалечено 27 км. Неговиот атар зафаќа површина од 8,2 км2.[3] Се наоѓа од десната страна на регионалниот пат Прилеп-Кавадарци.
Историја
Во XIX век, селото било дел од Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Во 1908 година, селото било опишано како слободно христијанско село со 120 куќи, а било споменато и како едно од најбогатите села во Тиквеш.[4]
Стопанство
Селото има полјоделско-сточарска функција. Во рамки на селскиот атар преовладуваат пасиштата на површина од 461 ха, обработливото земјиште зафаќа површина од 177 ха, а на шуми отпаѓа 171 ха.[3]
Население
Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Мало Радобил било село во Прилепската каза со 25 домаќинства и 123 жители.[2]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Голем Радобил имало 168 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во селото имало 160 жители.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[7]
Селото броело 115 жители во 1961 година, додека во 1994 година во селото живееле 23 жители.
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 10 жители, сите Македонци.[8] Од нив 5 биле мажи, а 5 жени.
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Remove ads
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Прилеп од 1962 година. Претходно, во периодот од 1950 до 1952 година, тоа било дел од Прилепската околија; во периодот од 1952 до 1955 година било дел од Општина Тројаци; а во периодот од 1955 до 1962 година, селото влегувало во склоп на Општина Плетвар.
Избирачко место
Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 1428 кое е сместено во приватна куќа.[13]
Во вториот круг на претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место бил запишан 1 гласач.[14]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[15]
- Селска Црква — осамен наод од римско време.
- Цркви
- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ — главна селска црква изградена во 1913 година.[16]
- Реки
Галерија
- Куќи во селото
- Селска чешма
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads