Раечка Котлина

котлина и област во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Раечка Котлинаmap
Remove ads

Раечка Котлина или Тројачка Котлина, позната и само како Раецкотлина и историско-географска област во јужна централна Македонија. Областа граничи помеѓу планините Бабуна на север, Дрен на југ, преку Тиквешијата на исток (со потпределот Горни села) и Прилепско поле на запад (поточно преку прилепските полски села Плетвар и Крстец).

Thumb
Местоположба на Раечката Котлина во Македонија

Низ неа води патот кој ги поврзува централните делови на земјата со југозападните. Котлината е долга околу 10 км, а широка 5 км и има облик налик на банана. Низ котлината протекува Раечка Река, која ги собира водите на неколку други помали притоки.

Во областа се наоѓаат селата: Фариш, Раец, Кесендре, Голем Радобил, Мал Радобил, Царевиќ, Смолани, Дрен, Беловодица, Топлица, Тројаци, Ракле и Никодин.[1] Овие села не се наоѓаат во рамничарскиот дел, туку тие се под височините и затскриени во шумските комплекси. Така, рамничарскиот простор изгледа пуст.

Remove ads

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads