Мамелуци
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мамелуците (/ˈmæmluːk/; арапски: مملوك, romanized: mamlūk (еднина), مماليك, mamālīk (множина);[2] преведено како „оној кој е поседуван“,[5] односно „роб“)[7] биле поробени платеници, робови-војници, и ослободени робови, од неарапско и различно етничко потекло (претежно туранско, кавкаско, монголско[8], источноевропско и балканско) на кои им биле доделени високи воени и административни должности во муслиманскиот свет.[11]
Најдолготрајната мамелучка држава била воената класа во средновековен Египет, која се развила од редовите на робовите-војници.[12] Првобитно Мамелуците биле робови со туранско потекло од Евроазиската степа,[15] но институцијата на воено ропство се проширила на Черкезите,[17] Монголците[8], Апхазите,[18][19][20] Грузијците,[24] Ерменците,[26] Русите,[10] и Унгарците,[8] како и на народите од Балканот како Албанците,[8][27] Грците,[8] и Јужните Словени[29] (види Сакалиби). Тие исто така регрутирале и од Египќаните.[13] Феноменот „Мамелуци/Гулами“,[9] како што Давид Ајалон го нарекол создавањето на специфична воена класа,[30] бил од големо политичко значење; меѓу другото, траел речиси 1,000 години, од 9-ти до почетокот на 19-ти век. (Види: Џилман.)
Со текот на времето, Мамелуците станале моќна воена класа во разни муслимански општества кои биле контролирани од династички арапски владетели.[31] Особено во Египет и Сирија,[32] но исто така и во Османлиската империја, Левантот, Месопотамија, и Индија, мамелуците имале политичка и воена моќ.[8] Во некои случаи, тие го достигнале рангот на султани, додека во други имале регионална моќ како емири или бегови.[13] Најзабележително, Мамелучките фракции го зазеле султанатот со центар во Египет и Сирија, и го контролирале како Мамелучки Султанат (1250–1517).[33] Мамелучкиот Султанат го победил Илханатот во битката кај Ајн Џалут. Тие претходно се бореле против западноевропските крстоносци во 1154–1169 и 1213–1221, протерувајќи ги од Египет и Левантот. Со заземањето на Руад во 1302, Мамелучкиот Султанат формално ги протерал и последните Крстоносци од Левантот, со што заврши ерата на Крстоносни војни.[8][34]
Иако Мамелуците биле купувани како имот,[35] тие биле поробени платеници[37] и нивниот статус бил над оној на обичните робови, на кои не им било дозволено носење на оружје или извршувањ на одредени задачи.[38] На некои места како Египет, од Ајубидската династија до времето на Мухамед Али, Мамелуците биле сметани за „вистински господари“ и „вистински воини“, со социјален статус над оној на општото население на Средниот Исток.[8]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
