Љубански манастир

манастир во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Љубански манастирmap
Remove ads

Љубански манастирманастир во скопското село Љубанци.[1] Прогласен е за споменик на културата на Македонија.

Кратки факти Информации, Целосно име ...
Remove ads

Местоположба

Манастирот е сместен на падините на планината Скопска Црна Гора, веднаш над скопското село Љубанци, од каде води тесен асфалтиран пат.[2]

Историја

Манастирот бил обновен во 1847 година.[2] Според месното прeдание, манастирот бил подигнат по видение во сон на селанецот Бојко Раев, кој станал и негов ктитор.[3]

Во текот на XIX и XX век, во манастирот доаѓало голем дел од населението за време на манастирскиот собор, кој се одржува и денес на 22 мај.[2]

Поради поволната клима, за време на Втората светска војна, манастирот служел како воздушна бања за болните од туберкулоза.[4]

Кон крајот на XX век, манастирот бил во лоша состојба, со полуразрушени конаци и пропадната црква.[2]

Remove ads

Градби во манастирот

Од манастирскиот комплекс до денес се сочувани: манастирската црква, старите конаци и други помошни стопански објекти.

Црква „Св. Никола“ - Љубанци

Црквата поседува зачуван живопис.[2] Иконостасот во манастирската црква бил изработен од познатиот мајстор Дичо Зограф.[4]

Конаци

Околу храмот се наоѓаат два конака.[2]

Во 2015 година започнала конзервација и реставрација на конакот во манастирот.[4]

Монаштво

До 1960 година, манастирот функционирал како машки манастир, додека во 1998 година бил возобновен како женски манастир.[4] Денес, во него живеат три монахињи.[3]

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads