Тараваи
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тараваи (мангаревански: Taravai) — втор најголем остров во групата острови Гамбје во Француска Полинезија. Вкупната површина на островот е 5,7 км2. Тараваи се наоѓа на 1.5 километри југозападно од Мангарева и на околу 300 метри од островот Ангакауитаи. Во близина на источниот брег на островот се наоѓа малото островче Моту-о-Ари. На островот живеат само 9 луѓе, сите во селото Агоноко.
Remove ads
Историја
Селото Агоноко се наоѓа во близина на главниот залив на источната страна. Поранешни села на островот се Ага-нуи (северозападно) и Агакау-и-ута (југоисточно).[2]
Археолошкото место Онемеја наведува до заклучок дека низ историјата островот бил повремено населуван уште од 950 година, со можно постојано населување од 13 век.[3]
Пред да го прифатат Христијанството, кралот на Тараваи бил вазал на кралот од Рикитеа од Мангарева.[4]
Remove ads
Галерија
- Карта на Гамбје.
- Поглед кон Тараваи и Ангакауитаи од планината Мокото
- Црква Св. Гаврил
- Поглед кон Мангарева и Аукена
- Тараваи
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads