Манџово

From Wikipedia, the free encyclopedia

Манџовоmap
Remove ads

Манџовосело во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Кратки факти Манџово Виногради, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото Манџово се наоѓа на 23 километри југоисточно од Свети Врач и на 4 километри од Мелник. Селото се наоѓа на надморска висина од 391 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 8.266 км2.

Историја

Според расказите на старите лица, жителите на Манџово потекнуваат од месноста Суракево. Причината за напуштање на областа е чумата што во тоа време владеела во селото. За да се спасат од чумата, луѓето го запалиле селото и се населиле на различни места - Ѕивгелија (сега Зорница), Манчов Чифлик (подоцна Манџово и сега Виногради) и Дере Мислим. За време на нивната економска активност во областа Суракево, која сега се наоѓа на територијата на селото Харсово, мештаните пронашле гробови[1]. Нема податоци за изградба на погребните места, но остатоци од плочи расфрлани низ теренот укажуваат дека тие се гробови направени од плочи. Со нив се поврзани и надгробните плочи со бисти кои се наоѓаат во музејот во Свети Врач.

Османлиско Царство

Во текот на 19 век, селото е чисто македонско, и припаѓало на Мелничката каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Аканџали се состоело од 75 куќи од кои 36 жители муслимани и 272 Македонци[2][3] Црквата „Свети Димитар“ била изградена кон крајот на 18 век и почетокот на 19 век.[4] Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Манов (Manof) се состоело од 6 семејства и 25 Македонци[2][5]

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Манџово, чифлик кој се наоѓа на другиот брег на реката спроти Чифлици. Надолу помеѓу двете села тече река. Црквата е грчка. Бројот на куќите е исто со онаа во Чифлици: тие се 40, бугарски[2][6]


Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 300 жители, сите Македонци[2][7]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 360 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[2][8].

Бугарија

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Во 1918 година било отворено основно училиште[9].

До 1934 година името на селото е Маџжово (Манџов, Манчов чифлик)[10] .

Познати фамилии во селото се: Карадакови, Галинови, Чипови, Ноцкови, Митушеви, Балајанкови, Цирови.

Remove ads

Население[2][11]

Повеќе информации Година, Жители ...
Население по возраст
од 2011 година
[12]:

Редовни настани

  • Голема Богородица, или последната сабота-недела на месец август.
  • Св. Трифун се празнува од сите лозари во селото на 1 февруари.

Личности

Родени
  • Атанас Кацулов (1928 - 2017), бугарски лекар
  • Валентин Ноцков, свештеник
  • Димитар Тонев, директор на Јадрения институт на БАН;
  • Илија Вичов, градоначалник на селото
  • Љубен Божков, народен пејач.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads