Марко Халер (велосипедист)

австриски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia

Марко Халер (велосипедист)
Remove ads

Марко Халер (германски: Marco Haller; р. 1 април 1991 ) — австриски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Бора-Хансгрое.[2]

Кратки факти Лични податоци, Цело име ...
Remove ads

Кариера

Халер е роден во Занкт Фајт на Глан.[3] Ја освоил првата победа во Светска турнеја, на Трката околу Пекинг 2012, во масовен спринт каде учествувале и познати спринтери како Алесандро Петаки (Лампре-ИСД) и Елија Вивијани (Ликвигас-Канондејл).[4] Во 2015 година станал изненадувачки победник на Трката на Фјордовите, откако се приклучил во бегството на последната етапа.[5]

Бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2015 по првпат[6] каде бил дел од бегството на етапата 16 и бил достигнат од главната група пред последното искачување заедно со Адам Хансен.[7] Го освоил националното друмско првенство во 2015 година.[8] Во мај 2019 година бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2019.[9]

Remove ads

Достигнувања

2009
Тур де л’Абитиби
1. Етапа 1
1. Етапа 4
1. Етапа 5
1. Етапа 6
3. Светско јуниорско друмско првенство
4. Европско јуниорско друмско првенство
2011
2. Трофеј Пореч
5. Светско друмско првенство под 23 години
2012
1. Етапа 4 Трка околу Пекинг
2013
1. Планински пласман Три дена Де Пане
7. Краен пласман Трка на Фјордовите
1. Етапа 3 (TTT)
7. Краен пласман Арктичка трка на Норвешка
10. Ле Самин
2014
1. Етапа 8 Трка околу Австрија
2. Национално друмско првенство под 23 години
2015
1. Национално друмско првенство
1. Краен пласман Трка на Фјордовите
1. Пласман за млад возач
3. Гран Премио Нобили Рубинетери
2016
10. ГП Импанис-Ван Петегем
2018
10. Схелдепрејс
2019
1. Краен пласман Заливски класик
1. Спринтерски пласман
1. Етапа 1
7. Схелдепрејс
9. Трка околу Франкфурт
2020
8. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
2021
2. Национално друмско првенство
6. Краен пласман Трка околу Германија
10. Е3 Саксо Банк Класик
2022
1. Класик БЕМЕР
1. Етапа 4 Трка околу Норвешка
5. Национално друмско првенство

Распоред на резултатите на големите трки

Повеќе информации Големи трки, Џиро ...

СО = се откажал; — = не учествувал

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads