Маркус Рашфорд

англиски фудбалер From Wikipedia, the free encyclopedia

Маркус Рашфорд
Remove ads

Маркус Рашфорд (роден на 31 октомври 1997 година, во Манчестер) — англиски фудбалер, напаѓач на Манчестер Јунајтед и на англиската репрезентација.

Кратки факти Маркус Рашфорд, Лични податоци ...

Рашфорд ја започнал својата кариера во Манчестер Јунајтед доаѓајќи во клубот на седумгодишна возраст, а своето деби за првиот тим го направил во февруари 2016 година, постигнувајќи притоа два гола во победата со 5-1 над Митјиланд во УЕФА Лига Европа. Три дена подоцна, тој дебитирал со гол и во Премиер лигата во натпреварот против Арсенал. Во досегашната кариера со Јунајтед, Рашфорд ги освоил ФА Купот, Лига купот, ФА Комјунити Шилд и УЕФА Лигата на Европа.

Рашфорд постигна гол на своето деби за Англија во мај 2016 година, станувајќи најмладиот играч кој постигнал гол во својот прв репрезентативен настап за сениорската репрезентација на оваа земја. Оттогаш тој настапил на две Европски првенства; во 2016, каде што бил најмладиот играч учесник на турнирот, и 2020, каде што настапил и во финалето во кое Англија загубила на пенали од Италија. Тој, исто така, ја претставувал својата земја и на две Светски првенства во 2018 и 2022 година, постигнувајќи досега вкупно три гола на Мундијалите (сите на вториот).

Remove ads

Биографија

Маркус Рашфорд[4] е роден на 31 октомври 1997 година,[5] во Манчестер, каде што и израснал.[6][7] Тој има јамајканско потекло по својот татко[8] додека неговата мајка е од Свети Китс и Невис.[9]

Рашфорд потекнува од семејство од работничка класа; неговата мајка Мелани Мејнард, е самохран родител која често морала да работи на повеќе работни места за да го прехрани своето семејство.[10][11][12] Тој има четири постари браќа и сестри; двајцата браќа, Двејн Мејнард и Дејн Рашфорд, и двајцата професионално го застапувале,[13] и две сестри Шантел и Клер.[12][14] Маркус, исто така, му е братучед на колегата фудбалер Лоис Мејнард, кој моментално игра за Олдам Атлетик како играч од средниот ред.

Отсекогаш навивач на неговиот локален фудбалски клуб Манчестер Јунајтед, Рашфорд израснал во семејство поделено меѓу навивачи на Јунајтед и на нивните градски ривали, Манчестер Сити.[15]

Remove ads

Титули

Клупски

Англија Манчестер Јунајтед

2015-2016
2016-2017
  • Комјунити шилд ФА Комјунити Шилд : 1
2016
2016-2017

Поединечни

  • Тим на сезоната на УЕФА Лига Европа: 1
2019-2020
  • The Guardian Фудбалер на годината: 2020

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads