Мартин Елмигер
швајцарски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мартин Елмигер (германски: Martin Elmiger; р. 23 септември 1978 во Хагендорн) — поранешен швајцарски професионален друмски велосипедист, кој настапувал во периодот 2001-2017.[1]
Станал професионалец во 2001 година со екипата Свис Пост Офис. Елмигер бил член на Фонак од 2002-2006 и на Аг2р Превојанс до 2007 до 2012. Бил забележан на етапа на Тур де Романди 2003, кога завршил втор на втората етапа.
Remove ads
Кариера
Еден од најдобрите моменти во неговата кариера била победата на Тур Даун Андер во 2007, притоа освојувајќи две победи и победа во генералниот пласман со 3 секунди пред Австралиецот Карл Мензис. Тој ја започнал UCI ProTour 2007 со добра форма, завршувајќи 19. на Е3 Харелбеке, 17. на Гент-Вевелгем и 24. на Париз-Рубе по доживеаниот пад. На етапата 2 на Тур де Романди 2007, Елмигер завршил петти зад етапниот победник Роби Мекјуан. Елмигер ја започнал Тур де Свис 2007 со добра форма, завршувајќи седми на прологот, само 10,82 секунди зад Фабијан Канчелара и пред возачи, како што се Андреас Кледен и Мајкл Роџерс.
На петнаесеттата етапа на Тур де Франс 2014, Елмигер се одвоил со Џек Бауер на 222 километри, но биле достигнати од групата на неколку метри пред целта.[2]
Елмигер го напуштил Аг2р-Ла Мондијал на крајот на сезоната 2012 и се приклучил на новата екипа ИАМ Сајклинг за сезоната 2013.[3] Бил национален друмски првак во 2001, 2005, 2010 и 2014 година.[4]
Remove ads
Достигнувања
- 2000
- 1. Трка околу Штаузе
- 2001
- 1.
Национално друмско првенство
- 2002
- 1. Сиркуто де Гечо
- 2003
- 1. ГП Кантон Аргау
- 2004
- 1. Етапа 3 Тур де Лангдок-Русијон
- 2005
- 1.
Национално друмско првенство
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Волта а Каталуња
- 2006
- 9. Милано-Санремо
- 2007
- 1.
Краен пласман Тур Даун Андер
- 1. ГП д’Исберг
- 2008
- 2. Национално друмско првенство
- 3. Краен пласман Тур де Пикарди
- 1. Етапа 2
- 2009
- 3. Монте Паски Ероика
- 4. Краен пласман Тур Даун Андер
- 9. Трка околу Фландрија
- 2010
- 1. Тур де ла Сом
- 1.
Национално друмско првенство
- 1.
Краен пласман Четири дена Динкерк
- 1. Етапа 4
- 2012
- 10. Четири дена Динкерк
- 2013
- 1.
Краен пласман Тур ду Лимузен
- 1. Етапа 1
- 2. Национално друмско првенство
- 2. Национално хронометарско првенство
- 2. Краен пласман Трка околу Британија
- 8. Краен пласман Четири дена Динкерк
- 9. Краен пласман Трка околу Баварија
- 2014
- 1.
Национално друмско првенство
- 6. Краен пласман Тур ду Поату-Шарент
- 7. Краен пласман Арктичка трка на Норвешка
- Тур де Франс
Награда за борбеност на етапа 7 и 15
- 2015
- 5. Париз-Рубе
- 5. Краен пласман Трка околу Белгија
- 10. Трка околу Фландрија
- 2016
- 1.
Пласман најдобар швајцарски возач Тур де Свис
- 4. Краен пласман Арктичка трка на Норвешка
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads