Махмутли
село во Нигритско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Махмутли или Махмуџи (грчки: Τριανταφυλλιά, Триандафилија; до 1927 г. Μαχμουτζή, Махмуѕи или Μαχμουτλή, Махмутли[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Турци.[3]
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа во Серското Поле на околу 6 км западно од Димитрич и југозападно од Сер.
Историја
Во Отоманското Царство
Во XIX и почетокот на на XX век Махмутли било село во Серската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Мархмутли имало 240 жители, сите Турци.[4]
Во Грција
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 264 жители, а во 1920 г. опаднало на 114 лица.[3] Во 1923 г. населението е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки колонисти. На пописот од 1928 г. Махмутли е претставено како наполно дојденско село со 204 жители (62 домаќинства).[5]
Во 1939-1957 г. е изградена црквата „Рождество на пресв. Богородица“.[6]
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Опшествени установи
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads