Мачево
село во Општина Берово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мачево — село во Општина Берово, во областа Малешевија, во околината на градот Берово.
Remove ads
Географија и местоположба
Населбата се наоѓа во областа Малешевија, во северниот дел на територијата на Општина Берово, на патот Берово-Виница.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 790 метри. Од градот Берово, населбата е оддалечена 9 километри.[2]
Атарот зафаќа простор од 9,7 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 371 хектар, на пасиштата отпаѓаат 309 хектари, а на шумите 249 хектари.[2]
Remove ads
Историја
Во XIX век, Мачево било христијанско село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство. Селото се претпоставува дека го добива името "Мачево" бидејќи било често мачено од другите села.
Вкупно 1 жител на оваа населба e заведен како жртвa во Втората светска војна.[3]
Стопанство
Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Мачево имало 340 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мачево имало 264 жители.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6]
Селото е мало и во 1961 година броело 297 жители, а во 1994 година се намалил на 216 жители, македонско население.[2] Според пописот од 2002 година, во селото живееле 206 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 143 жители, од кои 140 Македонци и 3 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Remove ads
Општествени установи

- Основно училиште „Дедо Иљо Малешевски“ до V одделение[13], подрачно училиште на ОУ „Дедо Иљо Малешевски“ - Берово
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Берово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Берово.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Робово, во која влегувале селата Мачево, Робово и Умлена.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната општина Владимирово, во која покрај селото Мачево се наоѓале и селата Владимирово и Русиново.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 0011 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 138 гласачи.[15]
Remove ads
Културни и природни знаменитости

- Археолошки наоѓалишта[16]
- Воднико — населба од неолитското време;
- Градиште — градиште од доцноантичкото време;
- Гробишта — старохристијанска црква со некропола;
- Караѓузлија — населба од римското време;
- Кремениште-Селиште — населба од римското време;
- Манастир — старохристијанска црква;
- Мачево — населба од хеленистичкото време;
- Могила — могила од римското време;
- Цуцуло — населба од римското време и старохристијанска црква; и
- Человеко — могила од римското време.
- Цркви[17]
- Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква
Remove ads
Редовни настани
- Атанасовден — главна селска слава
- Илинден — црковно-народен собир
Личности
- Родени во Мачево
- Методи Стамболиски — началник на Генералштабот на АРМ
Галерија
- Реката Брегалница крај селото
- Селските гробишта
- Поглед на селото
- Куќи во Мачево
- Поглед на Мачево
- Улица во Мачево
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads