Мајадаг

село во Гуменџиско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Мајадаг
Remove ads

Мајадаг (грчки: Φανός, Фанос, до 1926 година Μαγιαδάγ, Мајадаг[2]; турски: Mаyаdаğ, Мајадаг) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на област Централна Македонија, Грција. Населението брои 95 жители (2021).

Кратки факти Мајадаг Φανός, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото е сместено во североисточните падини на планината Пајак на 14 километри северно од градот Бојмица (Аксиуполи).

Историја

Thumb
Плоштадот во Мајадаг, во Првата светска војна

Во XIX век Мајадаг е големо турско село во казата Аврет Хисар (Кукуш) на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Маада (Mааdа) е населба во казата Аврет Хисар (Кукуш) со 600 домаќинства, како и тоа дека жителите се 1.496 муслимани.[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македония. Етнография и статистика“) во 1900 година Мајадаг е село во гевгелиската каза со 3.200 жители Турци.[4]

Во 1913 година селото влегува во рамките на Грција. Населението се иселува во Турција и на негово место се населени Грци бегалци. Во 1926 година селото е преименувано во Фанос.[5] Во 1928 година целото село е бегалско со 146 семејства и 582 жители бегалци.[6]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads