Меги Смит

британска глумица From Wikipedia, the free encyclopedia

Меги Смит
Remove ads

Маргарет Натали Смит (англиски: Margaret Natalie Smith; 28 декември 1934 - 27 септември 2024 [2]), позната како Меги Смит (Maggie Smith) — англиска глумица.

Кратки факти Меги Смит, Роден(а) ...

Таа има долга, разновидна театарска, филмска и телевизиска кариера која трае повеќе од шеесет години. Смит глумела во повеќе од 50 филмови и е една од британските најпознати глумици. Истакнат уметник во британската култура шест децении, таа била прогласена за Дама од Кралицата Елизабета II во 1990 година за заслуги во сценски уметности,[3] и го добила орденот на честа од Кралицата во 2014 година за заслуги кон глумата.[4]

Смит ја започнала својата кариера во театарот во Оксфорд во 1952 година и својот прв настап на Бродвеј го имала во мјузиклот Нови ликови од '56. За нејзината работа во лондонските театри, таа ја освоила наградата Ивнинг Стандард рекордни пет пати. Таа била номинирана за престижната театарска Награда Тони за нејзините изведби во Приватни животи (1975) и Ноќ и ден (1979), а наградата ја добила во 1990 година за улогата во претставата Летис и селен.

На филмското платно, Смит прво привлекла пофалби со улогата во криминалниот филм Никаде да се оди (1958), за која ја добила својата прва номинација за наградата БАФТА.[5] Таа освоила два Оскари, освојувајќи Оскар за најдобра глумица за Најдобри години на госпоѓица Џин Броди (1969) и Оскар за најдобра споредна глумица за Калифорниски апартман (1978). Таа е само една од шестте глумици кои освоиле Оскар во двете категории.[6] Таа освоила рекордни четири БАФТА награди за најдобра глумица, една БАФТА награда за најдобра споредна глумица и три Златни глобуси. Покрај двата освоени Оскари, таа била номинирана за Оскар уште шест пати.

Смит ја глумела Професорката Минерва Мекгонагал во филмскиот серијал Хари Потер (2001–11). Други значајни филмски улоги таа играла во филмовите Љубов и болка и целото проклето нешто (1973), Смрт на Нил (1978), Борба на титаните (1981), Зло под сонцето (1982), Приватна функција (1984), Осамената страст на Џудит Херн (1988), Кука (1991), Сестри во акција (1992), Чај со Мусолини (1999), Најдобриот егзотичен Мариголд хотел (2012) и Госпоѓата во комбето (2015). Таа освоила Еми награда во 2003 година за Мојата куќа во Умбриа, со што станала една од малкутте глумици кои ја освоиле тројната круна во глумењето.[7][8] За улогата на Вајолет Краули во серијата Даунтонска опатија (2010–15), таа освоила три Еми награди, прва негрупна награда од страна на здружението на филмски глумци и трет Златен глобус. Почесно таа е добитник на БАФТА специјална награда (1993), БАФТА награда за животно дело (1996), и Специјална Оливје награда (2011).

Remove ads

Животопис

Меги Смит е родена на 28 декември 1934 година. Од 1967 до 1974 година, таа била омажена за Роберт Стивенс, а од 1975 до 1998 година била во брак со драматургот Беверли Крос. Во едно интервју, таа изјавила: „Сè се чини бесцелно кога немаш со кого да го споделиш. Сите велат дека со текот на времето станува полесно, но мислам дека тоа не е точно“.[9]

Thumb
Отпечатоци на дланките на Смит на плоштадот Лестер.
Remove ads

Кариера

Меги Смит ја играла улогата на Вајолет Кроли во серијата „Замокот Даунтон“ за која добила „Златен глобус“ и две награди „Еми“. Исто така, таа играла и во серијата „Најдобриот егзотичен хотел Мариголд“.[9]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads