Миле Милев
македонски партизан From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Миле Милев, родено име Миле Алексов Милев, исто така познат како Миле Алексов Миланов или Миле Алексо Милевски во велешки извори. (Велес, 15 август 1921 — Војница, 16 декември 1942) — македонски партизан и учесник во народното ослободително движење во Велес и Велешко. Член во народната ослободителна армија на Македонија и комунистичката партија на Југославија. еден од најстарите членови во народноослободителниот партизански одред „Димитар Влахов“. За време на НОБ во Битката кај Војничка пештера, тој храбро и трагично загинал при судир со бугарските фашистички окупатори. После војната неговите посмртни остатоци биле пренесени во велешката спомен костурница каде што се наоѓаат и ден денес.
Remove ads
Животопис
Роден е во градот Велес, произлегувал од крајно бедно семејство. Заедно со татко му работел како полски аргат. Со распаѓањето на Кралството Југославија под окупација на фашистичка Бугарија, Третиот Рајх и Кралството Италија во краткотрајната априлска војна Миле Милев бил повикуван да служи во фашистичката окупирачка бугарска армија како дел од нивниот воен рок. Тој се приклучил во армијата но во јули 1941 година избегнал и се вратил во неговиот роден град Велес. После неколку недели бил повикуван повторно да служи во армијата но тој наместо да го прифати предлогот се приклучувал во народното ослободително движење.[1]
Околу овој период тој се приклучил во комунистичката партија на Југославија. Тој почнал да собира материјали, храна, облека и куршуми за велешките партизаните. Во првата половина на септември 1944 година тој се приклучил во народноослободителниот партизански одред „Димитар Влахов“. Учествувал во борбените акции против суровите ксенофобиски бугарски фашистички окупатори, по реорганизирањето на одредот тој бил приклучен во втората чета на одредот.[2] Учествувал во судир блиску до рудник во селото Поменово во септември 1942 година.[1]
Тој исто така учествувал во напад кај селото Степанци каде што храбро се борел. Во декември 1942 година заедно со партизанскиот одред патувале во селото Војница. Во 16 декември 1942 година кога биле во пештерата биле откриени од една ловџија којшто ги пријавил кај бугарската полициска сила. После неколку часа бугарската армија заедно со квислингската велешка контрачета ги нападнале партизаните во Битката кај Војничка пештера. За време на битката Миле Милев храбро и трагично загинал. После војната со отворањето на велешката спомен костурница во 11 октомври 1979 година неговите посмртни остатоци биле пренесени во костурницата. Остатоците во костурницата уште се присутни ден денес.[1][3] По негова чест една улица во Којник го носи неговото име.[4]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
