Мирко Серафимовски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мирко Томев Серафимовски (9 јуни 1919 во Шопско Рударе — 12 април 1945 во Винковци) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОБ.[1]
Животопис
Израснал во средно имотно земјоделско и сточарско семејство. По завршувањето на основното четиригодишно училиште во родното место, имајќи доволно добиток, се определил да се занимава со сточарство. За време на окупацијата, тој бил мобилизиран да служи во бугарската војска. На 28 август 1944 година, тој дезертирал и се приклучил во редовите на Народноослободителната војска на Македонија, во состав на 42. дивизија - извидничка чета. Учествувал во борбите за ослободување на Куманово, Скопје, Гнилане и други места. Неговата единица била вклучена во состав на Петнаесеттиот корпус, со кој заминал на Сремскиот фронт. Како извидник крај Шид, длабоко навлегол во заднината на непријателот, прибирал податоци и незабележано се повлекувал. При ослободувањето на Винковци, на 12 април 1945 година, бил смртно погоден од топовска граната.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads