Мирослав Спироски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мирослав Спироски (10 септември 1949, Србјани, Кичевско - 12 декември 2014, Скопје) — македонски новинар и публицист. Започнал со првите вести објавени на Радио Кичево (1968-1969), и набргу станал дописник на МРТВ, а повремено соработува и со „Млад Борец“, „Студентски збор“, „Просвета“, „Вечер“ и „Нова Македонија“.
Remove ads
Животопис
Почнувајќи од февруари 1970 година станува соработник на „Нова Македонија“, каде кариерата ја започнал во скопската рубрика.
Во текот на сите овие години, Спироски во новинарството објавил околу 24.000 аналитички статии, коментари, осврти, репортажи и други текстови. Бил и ментор на студенти на Катедрата по новинарство.
Во последните години од неговиот живот, Спироски бил самостоен аналитички публицист. Повремено пишувал и книжевни стории. Спироски бил член на Обединети за Македонија, член на претседателство на оваа партија и близок соработник на Љубе Бошкоски. По кратко и тешко боледување, тој починал на 65 годишна возраст во Скопје. Погребан е на градските гробишта во Бутел.[1]
Remove ads
Библиографија
- „Лидија - невестата на светлината“ - монодрама, поставена во Кумановскиот театар[2]
- „Борба за автокефалност“
- „Света македонска мисија“
- „Зад крстот“
- „Прегратката со вистината“
- „Летот на шаторските крила“
Награди
Во „Нова Македонија“ станува добитник на нејзините највисоки признанија: наградите за едногодишна дејност и за животно дело. Добитник е и на наградите „Крсте Мисирков“ за новинарство, и „Мито Хаџи Василев Јасмин“ за публицистика.[3]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads