Србјани

село во Општина Кичево From Wikipedia, the free encyclopedia

Србјаниmap
Remove ads

Србјани — село во областа Копачка, во Општина Кичево, во околината на градот Кичево. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево.

Кратки факти
Remove ads
Remove ads

Потекло на името

Името на Србјани е многу старо, но сепак не се знае неговото потекло. За време на Првата светска војна, бугарската окупаторска власт селото го преименувало во Танево.[2]

Географија и местоположба

Thumb
Поглед на селото

Ова село се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, сместено во Кичевската Котлина, од десната страна на реката Треска.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 610 метри.[3]

Куќите на ова село се наоѓаат во една плодна низина околу Треска на север и повисоко шумско земјиште на север. Околу селото се: градот Кичево на север, Другово на запад, Манастирско Доленци на југ и други.[2]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Полатиште, Смиљаница, Гребен, Габер, Белчев Камен, Јастребец, Крешна, Кутел, Литурѓии, Осој, Орлов Камен, Солиште, Долно Поле и Јаз Беловоденички.[2]

Селото има збиен тип. Се разликуваат Горно, Долно и Чифлик маало. Првите две се најстари маала. Во Долно маало се наоѓаат куќите на торбешките родови, додека во другите две маала живеат македонските православни родови.[2]

Селото Србјани се наоѓа во областа Долна Копачка, на само 2 километри јужно од Кичево.

Remove ads

Историја

Србјани спаѓа меѓу најстарите села во Кичевската Котлина. Животот во населбата не бил прекинат.[2] Првпат се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија, кога имало 40 семејства, 3 неженети и 4 вдовици, сите христијани.[4]

Народната традиција наведува дека Србјани и подоцна имало само христијанско население. Меѓутоа, во понатамошниот период, дел од тие христијани се преобратиле во ислам и оттогаш населението е мешано, муслиманско и христијанско. Бројот на двете групи низ годините се менувал.[2]

Пред крајот на турската власт, во Србјани се наоѓал чифлик на Риза-бег од Ѓаковица. По заминувањето на Турците, неговото земјиште го добиле македонските родови (околу 15 к.). Додека бегот се наоѓал во селото настанало Чифлик маало, во кое се доселиле чифчии од други кичевски села.[2]

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 6,5 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 252 хектари, на шумите отпаѓаат 225 хектари, а на пасиштата 132 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]

Население

Thumb
Поглед на селото од селската црква „Св. Петар и Павле“, а во позадина се гледаат селото Другово и градот Кичево
Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците од 1873 година, селото имало 51 домаќинство со 126 жители христијани (Македонци) и 50 жители Македонци-муслимани.[5]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Србјани имало 454 жители, од кои 304 христијани Македонци и 150 Македонци-муслимани.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Србјани имало 288 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Србјани се води како чисто македонско село од мешана (муслиманска и православна) вероисповед во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 40 куќи.[8]

Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Србјани:[9]

Повеќе информации Домаќинства, Гурбетчии ...

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[10]

Селото е средно по големина, кое што во 1961 година броело 473 жители, од кои 400 биле Македонци, а 71 жител Турци. Во 1994 година, бројот се зголемил на 508 жители, од кои 298 биле Македонци, 138 Турци и 70 жители Албанци.[3]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Србјани живееле 495 жители, од кои:[11]

*Населението е претежно македонско, но дел од македонското население со исламска вероисповед се изјаснило како Турци или Албанци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 518 жители, од кои 288 Македонци, 61 Албанец, 139 Турци, 1 Србин, 1 останат и 28 лица без податоци.[12]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Србјани:

Повеќе информации Година, Македонци ...

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1953-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Родови

Селото Србјани е населено во целост со македонско население, кое се разликува според верската припадност на православна и муслиманска вероисповед. Во селото живее воглавно староседелско население.[2]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се:

  • Македонски православни родови се: Крстевци (5 к.), Настевци (5 к.), Пулевци (4 к.), Марковци (3 к.), Миајлевци (1 к.), Таневци (2 к.), Влаовци (2 к.), Ѓурчиновци (2 к.), Трипуновци (3 к.), Дуковци (1 к.) и Даневци (1 к.), овие родови се староседелски; Ѓормалевци (6 к.), доселени се во турско време од селото Кладник, Долгачевци или Спировци ( 3 к.), доселени се во турско време од селото Брждани, Кршковци (5 к.) и Петревци (2 к.), доселени се од селото Карбуница, Плетикошаровци (2 к.), доселени се од селото Јудово, Матиќевци (2 к.), доселени се од селото Туин, Бинијовци (3 к.) и Жванковци (2 к.), не знаат од каде се доселени, Лавчанци (2 к.) и Ќипревци (2 к.), доселени се после Првата светска војна од селото Лавчани, Бржданци (2 к.) овде живеат од кога и претходните два рода, доселени се од селото Брждани.
  • Македонски муслимански (т.н. „торбешки“) родови се следните: Даутовци (3 к.), Есатовци (2 к.), Кленчевци (2 к.), Мендевци (2 к.), Сулевци (1 к.), Имеровци (1 к.) и Расим Кукуш (1 к.), староседелски родови; Оџовци дојдени се во турско време од Кичево, Расимовци (2 к.) нив околу 1910 година ги населил газдата на чифликот Риза-бег. По потекло се од околината на Ѓаковица, порано домашниот јазик им бил албанскиот, но мешајќи се со Торбешите го примиле македонскиот јазик.

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:[13]

  • Македонски христијански родови: Чадоровци (4 к.), Марковци (4 к.), Кршаковци (12 к.), Саздановци (2 к.), староседелци; Влаовци (7 к.), биле Власи од Крушево; Биновци (3 к.), доселени од Охридско; Мијаиловци (3 к.), доселени од Охридско; Чормалевци (4 к.), доселени од селото Кладник; Блажевци (3 к.), доселени од Охридско; Кршковци (2 к.), доселени од Охридско; Мотичовци (3 к.), доселени од Горна Копачка; Пулевци (5 к.), доселени од Белица; Дабевци (1 к.), доселени од Орланци; Даневци (1 к.), доселени од Охридско; Филиповци (1 к.), доселени од Карбуница и Тупуровци (2 к.), доселени од Карбуница, исто така.
  • Македонски муслимански родови: Љамовци (6 к.) и Алијевци (2 к.), староседелци; Адемовци (1 к.), дошле од Крушица; Кленчевци (7 к.), дошле од Кичево; Мивтаровци (2 к.), дошле од Дебар; Емин-аговци (1 к.) и Демир-аговци (1 к.), дошле од Кичево.
Remove ads

Општествени установи

  • Подрачно основно училиште

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото било дел од некогашната Општина Другово.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Другово, во која покрај селото Србјани, се наоѓале и селата Горно Добреноец, Долно Добреноец, Другово, Јаворец, Лавчани, Манастирско Доленци, Подвис и Пополжани. Општината Другово постоела и во периодот 1950-1952, кога во нејзе биле вклучени селата: Другово, Манастирско Доленци, Пополжани и Србјани.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0780 според Државната изборна комисија, сместено во училишната зграда.[14]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 434 гласачи.[15] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 432 гласачи.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 437 гласачи.[17]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Поглед кон главната селска црква „Св. Петар и Павле“
Археолошки наоѓалишта[18]
  • Баројца — доцноантичка населба и некропола.
Цркви[19]
Џамии[19]
  • Џамија — главна и единствена џамија во селото.

Личности

Родени во Србјани

Иселеништво

Од Србјани највеќе се иселувале македонските муслимански родови, кои бегале во Турција, во градовите Истанбул и Адапазар. Неколку семејства се иселиле околу 1913 година, некои после после Првата светска војна, а највеќе се иселиле после крајот на 1950-тите од XX век.[2]

Од македонските христијански родови, постари иселеници има во Бугарија, после Втората светска војна, неколку семејства се иселиле во Кичево.[2]

Remove ads

Наводи

Loading content...

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads