Мирцштег
село во Штаерска, Австрија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мирцштег (германски: Mürzsteg) — село во округот Брук-Мирццушлаг на покраината Штаерска во Австрија. Порано било одделна општина, но во 2015 г. е ставено во состав на Нојберг на Мирц.[2]
Remove ads
Мирцштешки реформи
Селото е познато во македонската историја како место кајшто се донеле познатите Мирцштешки реформи — програма на реформи на управата во Солунскиот, Битолскиот и Косовскиот вилает на Османлиското царство, кои големите сили му ги наметнале на царството.[3] Реформите делумно се спроведени во периодот 1904-1909 година. Во документот, рускиот цар Николај II и австрискиот цар Франц Јосиф со своите соработници на 2 октомври 1903 година постигнале спогодба за спроведување реформи во Македонија.
Remove ads
Население низ историјата
Поврзано
- Мирц
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads