Мирче Ацев (село)

село во Општина Кривогаштани From Wikipedia, the free encyclopedia

Мирче Ацев (село)map
Remove ads

Мирче Ацев — раселено село во Општина Кривогаштани, во околината на градот Прилеп.

Кратки факти
Remove ads

Историја

Поранешното име на селото е Петрово. Тоа е колонистичка населба формирана од православни Срби доселени во 1922 година од Далмација.[2] До почетокот на Втората светска војна селото нараснало на 28 домаќинства, а имало и свое училиште. Во 1941 година бугарскиот окупатор ги иселил жителите во Србија, а на нивно место доселил жители од Локвица, Порече и од околината на Струга.[2] По завршувањето на војната само две семејства се вратиле од Србија.

Remove ads

Географија и местоположба

Селото било рамничарско и во близина се селата Врбјани, Кадино Село, Боротино и Славеј.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Селото е раселено и според пописот од 2002 година нема жители.[3] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[4]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[5]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Родови

Родови во селото биле: Шоргиќи (1 к.) и Станисављевиќи (1 к.) Срби. Доселени од Далмација; Локвичанци (20 к.) и Стружанци (6 к.) Македонци. Првите се од селото Локвица во Порече, а вторите од Струшко.[8]

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1519 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Славеј.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 309 гласачи.[10]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads