Славеј (село)
село во Општина Кривогаштани From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Славеј (порано: Александрово) — село во Општина Кривогаштани, во околината на градот Прилеп.
- За други значења видете ја страницата за појаснување.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото Славеј се наоѓа во Прилепско Поле. Покрај селото поминува регионалниот пат R516 Прилеп - Крушево - Сладуево.
Историја
Селото Славеј е населено од времето на Првата светска војна. Првите жители пристигнале од охридско, а потоа и од Порече, Мариово и Егејска Македонија. Старото име на селото е Александрово.
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Славеј живеат 388 жители, 381 Македонец, 2 Срби и 5 останати.[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 379 жители, од кои 368 Македонци, 7 останати и 4 лица без податоци.[4]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови
Родови во селото се:
Давиниќи (1 к.) и Миљанац (1 к.) најстари родови во селото, доселени се во 1922 година од Далмација во Хрватска, они се Срби; во времето на Втората светска војна во куќите на иселените српски колонисти се населиле Македонци од Порече и Дебрца. А во 1947/48 година во селото се населиле и Македонци протерани од Егејска Македонија.[9]
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1519 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Мирче Ацев.[10]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 309 гласачи.[11]
Религија и култура
- Цркви[12]
- Црква „Св. Илија“ — главната селска црква, изградена е во 1978 година, а осветена во 1994 година од митрополитот Преспанско-пелагониски Петар;
- Археолошки наоѓалишта
- Врбјанска Чука — населба од неолитско време и средновековни јами;[13]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads