Млади и неуморни

From Wikipedia, the free encyclopedia

Млади и неуморни
Remove ads

Млади и неуморни (англиски: The Young and the Restless) е популарна американска телевизиска сапуница, која се емитува секој работен ден на телевизијата CBS, од 26 март 1973. Создадена е од Вилијам Бел и Ли Филип Бел, кои ја сместија драмата во серијата во измислениот град Џеноа Сити, Висконсин.

Кратки факти Млади и неуморни, Создадена од ...

На почетокот, серијата се фокусираше на семејните и професионалните животи на две семејства во Џеноа Сити, богатите Брукс и сиромашните Фостерс. По многубројни промени на глумците во раните 1980-ти, главна тема на серијата станаа семејствата Абот и Њуман, нивните две поединечни компании и соперништвото меѓу нив. Меѓутоа, една главна приказна владее во серијата уште од скоро самиот почеток, а тоа е соперништвото помеѓу Џил Фостер Абот и Кетрин Кенселор.

На почетокот, Млади и неуморни беше емитувана во полчасовни епизоди, пет пати неделно. Од 1 февруари 1980, се емитуваат едночасовни епизоди. Млади и неуморни е најгледаната дневна драма на американска телевизија. Во 2006, екипата што ја снима серијата ги прослави нејзините 900 недели (18 години) по ред на врвот на гледаноста на дневните серии и програми.

Млади и неуморни има освоено седум Дневни Еми Награди за најдобра драмска серија. Само Главна болница има освоено повеќе (девет).

Во 2001, Млади и неуморни почна да се снима и симултано емитува во висока дефиниција (HDTV), и со тоа стана првата сапуница што го направила овој чекор.

Пред неколку години, Сител телевизија прикажа две сезони, вкупно 280 епизоди од оваа сапуница. Прикажаните епизоди беа од 25 мај 1998 - 1999.

Remove ads

Сегашни глумци

Повеќе информации Глумец, Улога ...
Remove ads

Насловна мелодија

“Nadia’s theme” е музичката тема на Млади и неуморни од самиот почеток на серијата во 1973. Мелодијата била оригинално наречена “Cotton’s Dream” и напишана од Бери Де Ворзон и Пери Боткин Јр. за филмот Благословете ги ѕверовите и децата. Подоцна, мелодијата била прекрстена во “Nadia’s theme” по настапот на романската гиманстичарка Надиа Команечи на Летните олимписки игри во 1976 и прикажувањето на овој настап на ABC со музиката од популарната сапуница.

Remove ads

Гледаност

На самиот почеток во 70-тите, серијата беше на дното на гледаноста, како и сите серии при дебутот. Веќе по една-две сезони, гледаноста порасна, а во 1988-1989, се искачи на врвот и досега ни една сапуница ја нема симнато.

Историја на дневната гледаност: Најгледана недела (Ноември 16-20 1981)

Повеќе информации Сапуница, Домаќинства ...

1995 гледаност

Повеќе информации Сапуница, Милиони гледачи ...

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads