Могилец

село во Општина Македонски Брод From Wikipedia, the free encyclopedia

Могилецmap
Remove ads

Могилец — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Сретселото на Могилец

Селото се наоѓа во областа Порече, во средишниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, непосредно од левата страна на реката Треска.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 710 метри.[2]

Атарот зафаќа простор од 8,7 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 623 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 89 хектари, а на пасиштата 77 хектари.[2]

До селото води асфалтиран пат, кој се двои од регионалниот пат кој води до поранешното општинско средиште Самоков.

Remove ads

Историја

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 50 семејства и 4 неженети, сите христијани.[3]

Во XIX век, Могилец било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Стопанство

Селото во основа има полјоделско-шумарска функција.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Могилец имало 235 жители, сите Македонци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Могилец имало 240 жители.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Могилец се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци.[8]

Могилец е мало село, коешто во 1961 година броело 194 жители, а во 1994 година 58 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Могилец имало 27 жители, сите Македонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 6 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

Могилец е македонско село.

Родови во селото се: Урдовци (15 к.) и Мијовци (9 к.), потекнуваат од стариот народ кој живеел во Могилец, нивните предци после пропаста на старото село, се иселиле во Битолско каде го основале селото Могила, но потоа се некои од овие два рода се вратиле назад; Буштовци (27 к.), доселени се од Охрид или Охридско; Џемерковци (4 к.), доселени се од селото Крапа, од родот Прусниковци; Иличи (1 к.), доселени се однекаде.[14]

Remove ads

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Модриште, во која влегувале селата Белица, Вир, Калуѓерец, Локвица, Могилец и Црешнево.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Модриште, во која покрај селото Могилец се наоѓале селата Белица, Брезница, Вир, Калуѓерец, Модриште, Локвица, Тажево и Црешнево.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Избирачко место

Во селото постои избирачко место бр. 0264 според Државната изборна комисија, кое е сместено во Селскиот дом.[15]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 17 гласачи.[16] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 15 гласачи.[17]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[18]
  • Тумба — средновековна населба;
Цркви[19]
Манастир
Remove ads

Личности

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads