Бернард Монтгомери
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бернард Ло Монгомери (англиски:Bernard Law Montgomery) (17 ноември 1887 , Лондон - 24 март 1976 , близу Алтон, Хемпшир) бил британски генерал во Втората светска војна.[1]

Животопис
Монтгомери се школувал на Универзитетот Сендхрст, се истакнал во Првата светска војна, па останал во војската, станувајќи познат како цврст и ефикасен водач. Во Втората светска војна командувал со британската војска во Северна Африка и ги приморил Германците да се повлечат од Египет по Битката кај Ел Аламејн (1942). Командувал со трупите на сојузничката инвазија на Сицилија и Италија (1943), а во Нормандија ги водел Британско-канадските армиски единици преку северна Франција во северна Германија. Кога бил унапреден во фелдмаршал, станал начелник на британскиот генерал-штаб (1946-1948), а подоцна заменик-командант на НАТО (1951-1958). Претпазлив, но директен стратег, „Монти“ често ги иритирал неговите пријатели сојузнички комадири, вклучувајќи го и Двајт Ајзенхауер, но неговото настојување за комплетна подготвеност ја обезбедила неговата популарност кај воените трупи.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads