Монте Карло (патека)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Патеката Монте Карло — улична патека која се наоѓа на градските улици во Монте Карло и Ла Кондамин околу пристаништето на Кнежевство Монако. Најчесто се нарекува „Монте Карло“, но понекогаш е позната и како „Монако“.

Патеката се користи секоја година за еден викенд во месец мај кога се одржува Големата награда на Монако, дел од календарот на ФИА за Светското првенство во Формула 1, како и Формула 2 и Формула 3000.
Remove ads
Историја
Првата трка се одржала во 1929 година, кога трката ја освоил Вилијам Гровер-Вилијамс со Бугати. Во календарот на Светското првенство во Формула 1, Монако е од првата сезона од 1950 година, а во периодот 1951-1954 не се одржувале натпреварувања. Победникот на првиот натпревар во 1950-тите била аргентинската легенда Хуан Мануел Фанџо со Алфа Ромео. Од 1955 година, натпреварот се одржува секоја година.
Конфигурацијата на била променета 9 пати во текот на годините без да ги наруши нејзините главни одлики. Во последната конфигурација користена од 2003 година, најбрзиот круг бил со време од 1:14.439, постигнат во 2004 година од Михаел Шумахер со Ферари.
Remove ads
Особености
Големата награда на Монако на патеката Монте Карло се одржува еднаш годишно во мај, на улиците на кнежевството, и е најпопуларна патека во светот. Најпознатите делови на патеката се свијоците на Фиба и Тунел.
Конкуренцијата е исклучително напната поради близината на бетонските плочи околу патеката. На крајот од трката некои пилоти губат околу 5% од нивната тежина.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads