Мултиплеј (ТВ филм)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Мултиплеј (ТВ филм)
Remove ads

Мултиплејмакедонски хумористично-сатиричен телевизиски филм од 2007 година. Сценарист и режисер на филмот е Владимир Плавевски. Филмот е поддржан од Советот за радиодифузија на Македонија.[1]

Кратки факти „Мултиплеј“, Режисер ...
Remove ads

Кратка содржина

Во нова зграда, чиј чувар е Влавот Панде, се вселуват Македонците Трпе и Победа, Албанците Беким и Флора, Турците Мустафа и Наџија, Србинот Жика, Бошњакот Сафет и Ромката Рефиџе. За вселувањето тие прават заедничка веселба и честење. Но, нивната зграда е само во бетонска изведба и сите станари се изненадени бидејќи имаат решенија за вселување. Преку Министерството за урбанизам сознаваат дека становите им се вселиви. Чуварот Панде ги известува оти инвеститорот и изведувачот исчезнале. Бидејќи немаат каде, сите се населуваат во зградата и тогаш почнуваат нивните заедички проблеми бидејќи се одвоени со ѕидови од најлон. Победа и Флора се бремени и мораат да одржуваат вежби за породилно дишење. На Рефиџе и доаѓа важен гостин и таа од сите позајмува кафе, шеќер, вода, џезве, филџани, плин и запалка за да го почести важниот гостин. Но, плинот експлодира и гостинот го исфрла низ прозорецот. Станарите се организират да го откопаат од песокот но тој доаѓа кај нив. Тој е Американецот Џон кој е претставник на прекуамериканско-балкански конзорциум и финансиски им помага во изградба на зградата под услов тие да не ги продаваат становите. Во новата зграда настануваат проблеми меѓу станарите кои сакат проширување. Зградата е без малтер и фасада, водата тече и избива струен курцшлус. Рефиџе има нов гостин за кој повторно позајмува кафе, шеќер, вода, џезве, шолји и плин од соседите но плинот повторно пука и новиот гостин, покриен со чаршав, ги престрашува станарите. Европеецот Карло, претставник на европскиот конзорциум за поправка на балканските фасади, им нуди средства за средување на фасадата на зградата под услов да не ја напуштаат. Во комплетно средена зграда Победа и Флора се породуваат, а на Рефиџе и се враќа сопругот Рамче од Индија.

Remove ads

Улоги

Посебна забелешка

Во овој филм се застапени сите национални заедници во Р Македонија – мажи и жена Македонци – Трпе и Победа, маж и жена Албанци – Беким и Флора, маж и жена Турци – Мустафа и Наџија, србин Жика, бошњак Сафет, ромката Рефиџе и влавот Панде. Споредни улоги има американецот Џон, Европеецот Карло и изгубениот маж на Рефиџе – Рамче.

Главна сценаристичка идеја

Главната идеја на авторот сака да покаже дека во услови на живеење поставени во недовршена конструкција можат да живеат повеќе мултиетнички семејства помогнати од меѓународната заедница како морално-материјална поткрепа на нивната заедничка егзистенција и просперитет.

Споредна сценаристичка идеја

Да ги отслика етничките заедници преку нивните локализми и навики во хумористично-сатиричен стил покажувајќи дека и нивната различност е еден од главните услови за нивното заедничко живеење.

Драматуршка поставеност

Хумористично-сатиричниот стил и наглите пресврти во драматургијата ги нагласуваат различностите на карактерите на личностите кои произлегуваат од нивната етничка одреденост, ја покажат апсурдноста на нивната политичка оптовареност и потребата од меѓународна условеност.

Посебна забелешка

Артистите во одредени делови од драмата зборуваат на својот мајчин јазик ( македонски, албански, турски, српски, бошњачки, ромски и влашки) и според овој предуслов при кастингот на артистите треба да се внимава улогите да бидат поделени на артисти од соодветните националности.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads