Муратлија

село во Општина Карбинци From Wikipedia, the free encyclopedia

Муратлијаmap
Remove ads

Муратлија — раселено село во областа Јуруклак, во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Ова мало село се наоѓало во областа Јуруклак, во југоисточниот дел на територијата на Општина Карбинци, а на западните ограноци на планината Плачковица.[2] Селото било планинско, на надморска височина од 940 метри.[2]

Селото е сместено помеѓу селата Оџалија и Кучица и низ него поминува локалниот пат кој ги поврзува двете села.

Историја

Во XIX век, Муратлија било село во Штипската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 1,2 км2.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 90 жители, сите Турци.[3] Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото живееле 58 жители, сите Турци.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Турци.[5]

Селото е наполно раселено во периодот по 1971 година, кога што броело 6 жители, турско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото немало жители.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 42 жители, сите Турци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Remove ads

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот од 1955 до 1957 година селото се наоѓало во рамките на тогашната општина Радање.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Радање, во која покрај селото Муратлија, се наоѓале и селата Вртешка, Голем Габер, Ебеплија, Јунузлија, Калапетровци, Калаузлија, Кепекчелија, Кошево, Курфалија, Кучилат, Кучица, Мал Габер, Мичак, Никоман, Оџалија, Почивало, Прналија, Радање и Шашаварлија. Селото припаѓало на Општина Кучица во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Вртешка, Ебеплија, Кучица, Мичак, Муратлија и Прналија.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2326 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Радање. Во избирачкото место се опфатени селата Кучилат, Мал Габер, Мичак, Муратлија и Радање.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 374 гласачи.[12]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 378 гласачи.[13]

Remove ads

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads